Мотоцикли

Објавено видео од новиот Suzuki Hayabusa

Се поблиску сме до официјалното преставување на 2021 Suzuki Hayabusa, настан со кој ќе се одбележи третата генерација на овој почитуван hyperbike.

Следете нè на:

 

Се поблиску сме до официјалното преставување на 2021 Suzuki Hayabusa, настан со кој ќе се одбележи третата генерација на овој почитуван hyperbike.

Официјалното деби се очекува да се случи на 5-ти февруари а во меѓувреме на интернет можеа да се најдат детали и слики од новиот модел. Денеска пак се појави и видео на кое можеме подобро да ја видиме оваа машина.

На видеото можеме да видиме дека мотоциклот изгледа идентично како на фотографиите, што пак ги потврдува нашите претходни анализи.

Можеме да потврдиме дека сигурно станува збор за Hayabusa, но исто така, може да се забележи и дека Suzuki искористиле дел од изгледот од актуелниот GSXR-1000.

На ова можеме да ја додадеме и аеродинамиката која е скриена под надорешните додатоци на Hayabusa. Во зависност од тоа како се имплементираат, тие исто така може да влијаат и врз „high-speed downforce“.

2021 Suzuki Hayabusa teaser 03

Неколку интересни делови има и на екранот кој не е истиот како кај претходните генерации на Hayabusa. На средина сега има TFT екран кој ги дава основните информации.

Сетинзите кај електрониката се очигледни но навистина не интересира како изгледа „dual lean angle sensor“ дисплејот и зошто двата инструменти се одвоени за 2 степени.

Исто така не интересира и „LF“ функцијата. Според нашите претпоставки, можеби станува збор за некаков вид на „launch control“ кој го користи шест оскениот IMU.

За среќа нема потреба да чекаме уште долго бидејќи повеќе информации се најавени за петок.

Би можело да ве интересира

Тимот на Сузуки го претстави новиот GSX-RR со кој Алекс Ринс и Жоан Мир ќе се натореваруваат оваа сезона во МотоГП шампионатот.

Aprilia планира повторно да се најде на врвот во суперспорт сегментот во 2021-ва година.

Презентацијата во Будимпешта ги постави темелите на новата трка која треба да се приклучи на календарот.

Франко Морбидели беше најголемото изненадување минатата сезона.

Во текот на летната пауза, Валентино Роси ќе одлучи дали и во иднина ќе продолжи со трките или ќе се повлече од натпреварувањето.

Шефовите на тимовите во Suzuki, Хозе Мануел Казо (Алекс Ринс) и Френки Карчеди (Жоан Мир), зборуваат за правилата на игра во гаражата.

Реклами

Листа на мото настани

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.