Мотоцикли

Прв преглед: 2021 Honda Rebel 1100

Ако не сте забележале, „modular platforming “ е името на играта кога развивате мотоцикли кои не се наменети за тркање.

Следете нè на:

 

Ако не сте забележале, „modular platforming “ е името на играта кога развивате мотоцикли кои не се наменети за тркање.

Користење на еден мотор, а понекогаш и една шасија за некоку мотоцикли е многу лесен начин за да креирате една линија на машини. Ова истовремено ја намалува и сумата која производителите ја вложуваат.

Понекогаш ова доведува до креирање на мотоцикли кои можеби и никогаш не би биле создадени доколку дизајнерите имале опција да почнат нешто ново. Rebel 1100 е вистински пример за ова со неговиот 1,084 cc parallel кој доаѓа од променетата Africa Twin 1100. Ова е најдобриот и најголемиот Rebel креиран досега.

https://youtu.be/ouXW2vLsFGs

„Со еволуција на крузер културата, денешните возачи бараат мотоцикл кој ги проширува можностите кои досега беа возможни кај традиционалните мотоцикли“, вели Ли Едмундс, постар менаџер во American Honda. „Новата Rebel 1100 ги исполнува сите овие барања. На клиентите кои сакаат крузер мотоцикли им обезбедува технологија, вклучувајќи DCT, како и уште неколку други искуства кои во минатото беа недостапни. Ова е мотоцикл за модерните крузер возачи.“

21 Honda Rebel 1100 DCT Bordeaux Red Metallic LF34 source

Името Rebel е синоним за пријателски мотоцикли наменети за почетници и така е веќе со децении. 1100 можеби не е најдобрата опција за прв мотоцикл но има некои карактеристики кои долги години ја дефинираат оваа линија.

Прва и најочигледна е двојната трансмисија на квачилото или DCT. Уживавме во користа на овој систем кај Africa Twin 1000 и 1100. DCT ќе го направи Rebel  одличен избор за урбано возење или пак за возачи кои не сакаат постојано да притискаат на кумплугот. Оние пак кои ќе ја одберат шест брзинската мануелна трансмисија, добиваат „slip/assist“ кумплуг кој ќе им помогне во менувањето на брзините.

21 Honda Rebel 1100 action minimalist 20 source

Моторот е верзијата од Africa Twin 110 со три режими на возење (Sport, Standard, Rain) како и контрола на патувањето. Но има и уште нешто. Rebel користи различни „camshaft“ профили и време за палење на секој цилидер. Еден цилиндар произведува нешто помала моќност од 4,000 rpm а другиот нешто повеќе од 4,000 rpm.  Заедно со 270 степениот „crankshaft“, резултира со уникатна моќност и чуство.

21 Honda Rebel 1100 DCT Metallic Black RR34 source

Мотоциклот има и нова челична „trellis“ рамка и седиште со висина од 69 сантиметри. Исто така има и 43 милиметарска превртена вилушка. Rebel 1100 има тежина од 220 килограми без и 230 килограми со DCT. Негов најблизок ривал е веројатно потешкиот и поскапиот Indian Scout,иако според изгледот Scout повеќе наликува на традиционалните крузер модели.

21 Honda Rebel 1100 exhaust source

Rebel 1100 ќе биде контроверзна опција на пазарот на крузери во САД. Не е Американски, не е V-twin, не е со течно ладење и има речиси 90 коњски сили. Тој има двојна трансмисија и чини речиси исто колку и Harley-Davidson Sportster 883. И на крајот, тој е произведен од Honda. И компанијата сама знае за овој проблем.

21 Honda Rebel 1100 meter on source

„Rebel 1100 е за речиси 50 проценти помоќен од некои од традиционалните крузер модели кои ги има на пазарот. Во исто време, тој не е само класичен крузер модел туку нуди и малку подинамично возење. “ Моќни зборови од луѓето кои ни ги донесоа помалите модели на Rebel, Shadow 750 и Fury.

21 Honda Rebel 1100 action minimalist 24 source

Новиот Rebel 1100 е типичен пример за посветеноста на Honda да креира мотоцикли за различни видови на возачи но и нешто што ќе биде спротивно на традиционалните крузери кои денеска ги имаме на пазарот.

2021 HONDA REBEL 1100
Price (MSRP)
$9,299 base, $9,999 DCT
Engine
1,084 cc liquid-cooled, eight-valve, Unicam parallel twin
Transmission,
final drive
Six-speed, chain
Claimed horsepower
88 at 7,000 rpm (European model)
Claimed torque
72 pound-feet at 4,750 rpm (European model)
Frame
Steel trellis
Front suspension
43 mm fork; 4.8 inches of travel
Rear suspension
Twin piggyback shocks, remote reservoirs; 3.7 inches of travel
Front brake
Single radial-mount four-piston caliper, 330 mm disc, ABS standard
Rear brake
Single caliper, 256 mm disc, ABS standard
Rake, trail
28 degrees, 4.3 inches
Wheelbase
59.8 inches
Seat height
27.5 inches
Fuel capacity
3.6 gallons
Tires
130/70R18 front, 180/65R16 rear
Claimed weight
487 pounds wet, 
Available
January 2021
Warranty
12 months
More info

Би можело да ве интересира

Тимот на Сузуки го претстави новиот GSX-RR со кој Алекс Ринс и Жоан Мир ќе се натореваруваат оваа сезона во МотоГП шампионатот.

Aprilia планира повторно да се најде на врвот во суперспорт сегментот во 2021-ва година.

Презентацијата во Будимпешта ги постави темелите на новата трка која треба да се приклучи на календарот.

Франко Морбидели беше најголемото изненадување минатата сезона.

Во текот на летната пауза, Валентино Роси ќе одлучи дали и во иднина ќе продолжи со трките или ќе се повлече од натпреварувањето.

Шефовите на тимовите во Suzuki, Хозе Мануел Казо (Алекс Ринс) и Френки Карчеди (Жоан Мир), зборуваат за правилата на игра во гаражата.

Реклами

Листа на мото настани

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.