Мотоцикли

Прв преглед: 2021 KTM 1290 Super Adventure S

Не треба посебно преставување на моќната 1290 Super Adventure S машина на КТМ. Според компанијата, тој е нивниот најспортски и најнапреден авантуристички мотоцикл кој некогаш бил создаден.

Следете нè на:

 

Не треба посебно преставување на моќната 1290 Super Adventure S машина на КТМ. Според компанијата, тој е нивниот најспортски и најнапреден авантуристички мотоцикл кој некогаш бил создаден.

Но она што и требаше на оваа машина е мала промена со цел да остане компетитивна во однос на Ducati Multistrada.

Меѓу главните промени кај овој мотоцикл е додавањето на „adaptive cruise control“ кој сега доаѓа како стандарден дел. КТМ користи сетап на Bosch кој автоматски го прилагодува растојанието во однос на другите возачи во сообраќајот. Радарскиот сензор се наоѓа на под предните светла и изгледа многу поприродно во споредба со она што го направи Ducati кај новиот Multi. Bosch исто така го обезбеди и нивниот Motorcycle Stability Control систем.

KTM 1290 SUPER ADVENTURE S Static 1

Промени има и кај контролата на тракцијата, особено кај опциониот RALLY режим. Две одделни контроли внимаваат на тркалата и на аголот на навалување.

KTM 1290 SUPER ADVENTURE S Static

Оваа машина има и седум инчен TFT екран и дел преку кој можете да го поврзете вашиот телефон. Менито е полесно за управување. Дури има и посебен дел за телефонот како и USB приклучок. Променетиот резервоар сега собира 23 литри.

https://youtu.be/-LmxtoVU51w

Последната голем промена која ја доби оваа машина е WP APEX Semi-Active Technology (SAT). Подобрите амортизери и повеќето сензори го прават предниот дел од мотоциклот многу подобар. Самата суспензија е значително подобрена благодарение на Про пакетот кој содржи anti-dive with toggle, individual damping for the fork and shock, auto preload adjustment и кој доаѓа од „PowerParts“ дивизијата на КТМ. Исто така има и Rally пакет кој содржи рели режим на возење. Оваа машина е опремена и со технолошки пакет кој ги комбинира Suspension Pro и Rally пакетите а тука се и Quickshifter+ како и adaptive brake lights. Ако немате забележано, во оваа класа на мотоцикли, компаниите се натпреваруваат меѓусебно во однос на тоа кој ќе воведе подобра технологија.

KTM 1290 SUPER ADVENTURE S Action 2

КТМ ја намали тежината на 1,301 LC8 моторот кој во исто време е и во согласност со EURO5 стандардите. Тој има 160 коњски сили и 100 foot-pounds of torque. Промени има кај клиповите и кај делот за ладење а топлината од моторот сега не оди директно кон нозете на возачот. Самиот мотор е многу поефикасен од претходно.

Има промени и кај шасијата. Рачките се поместени поназад за 15 милиметри а и седиштето е пониско. Промените кај предниот дел го прават 1290 Super Adventure многу покомпактен.

Во однос на седиштето, тоа е сега за 20 милиметри пошироко. Прилагодливо е и ветробранското стакло кое сега обезбедува многу поголема заштита. Пластичните делови се променети за повеќе да одговараат на телото на возачот, особено за нозете, при подолго возење.

KTM 1290 SUPER ADVENTURE S Action 1

Иако се уште не е позната цената на овој мотоцикл, претпоставуваме дека препорачаната цена од производителот ќе биде нешто под 16.000 евра без дополнителните додатоци. 2021 KTM 1290 Super Adventure S ќе биде достапен во март 2021 година.

2021 KTM 1290 Super Adventure S
Price (MSRP)
TBA
Engine
1,301 cc, liquid-cooled, four-valve, 75-degree V-twin
Transmission,
final drive
Six-speed, chain
Claimed horsepower
160 horsepower
Claimed torque
100 foot-pounds
Frame
Chrome-moly tubular space frame with aluminum subframe
Front suspension
WP APEX Semi-Active Technology 48 mm fork, 7.9 inches of travel
Rear suspension
WP APEX Semi-Active Technology shock, electronically controlled preload, 7.9 inches of travel
Front brake
Dual Brembo four-piston calipers, 320 mm discs, ABS
Rear brake
Brembo caliper, 267 mm disc, ABS
Wheelbase
61.3 inches
Seat height
33.4 inches (adjustable)
Fuel capacity
6.07 gallons
Tires
MITAS Terra Force-R , 120/70ZR19 front, 170/60ZR17 rear
Claimed weight
485 pounds (dry)
Available
March 2021

Би можело да ве интересира

Тимот на Сузуки го претстави новиот GSX-RR со кој Алекс Ринс и Жоан Мир ќе се натореваруваат оваа сезона во МотоГП шампионатот.

Aprilia планира повторно да се најде на врвот во суперспорт сегментот во 2021-ва година.

Презентацијата во Будимпешта ги постави темелите на новата трка која треба да се приклучи на календарот.

Франко Морбидели беше најголемото изненадување минатата сезона.

Во текот на летната пауза, Валентино Роси ќе одлучи дали и во иднина ќе продолжи со трките или ќе се повлече од натпреварувањето.

Шефовите на тимовите во Suzuki, Хозе Мануел Казо (Алекс Ринс) и Френки Карчеди (Жоан Мир), зборуваат за правилата на игра во гаражата.

Реклами

Листа на мото настани

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.