MotoGP

Лоренцо би можел да стане тест возач на Yamaha?

Откако Хорхе Лоренцо објави дека се повлекува од тркањето се појавија гласини дека би можел да стане тест возач на MotoGP тимот на Yamaha.

Следете нè на:

 

Откако Хорхе Лоренцо објави дека се повлекува од тркањето се појавија гласини дека би можел да стане тест возач на MotoGP тимот на Yamaha.

Хорхе Лоренцо можеби е само еден месец во пензија но веќе се појавија гласини дека ќе се врати во натпреварувањето. Минатата недела во изјава за медиумите тој напомена дека и во иднина ќе остане дел од трките а својата иднина ќе ја открие на почетокот на 2020 година кога и официјално му завршува договорот со HRC.

Неколку од опциите кои му стојат на располагање на поранешниот шампион е да биде тест возач, ТВ коментатор но и да стане дел од менаџментот на некоја екипа. Според Италијанската La Gazzetta dello Sport, Лоренцо би можел да стане тест возач на Yamaha.

А со оглед на успехот кој го има постигнато во минатото со овој тим, Шпанецот е одлична опција. Ваквата можност не ја отфрли ниту директорот на Yamaha, Лин Џарвис.

Откако ја прекинаа соработката со Јонас Фолгер, Yamaha покажа интерес за соработка со Јохан Зарко и планираа во 2020 година тој да биде нивни тест возач. Сепак, поранешниот Moto2 шампион одлучи да потпише договор со Avintia Ducati.

Актуелните тест возачи на Yamaha, Кацујуки Накасуга и Кота Нозане ќе тестираат за тимот на патеките во Јапонија и Европа.

„Заедно, сите во тимот донесовме одлука дека треба да ја прекинеме соработката со Јонас Фолгер“, изјави Џарвис во Валенсија. „Но ова не значи дека ќе имаме Јапонски тест возач, туку дека сметаме дека Фолгер не треба да биде дел од нашиот тим.“

„Потребен ни е брз возач, ќе ги разгледаме сите опции па ќе ја донесеме конечната одлука. Потребен ни е возач кој ќе ни дава прецизни податоци.“ Џарвис исто така ги објасни промените во тест програмата на Yamaha за сезоната 2020.

„Следната година ќе биде многу важна за нас бидејќи работиме на развој на одредена технологија“, вели Џарвис. „Минатата година забележавме дека тестовите кои ги правиме во Европа се разликуваат од оние во Јапонија. Затоа ни беше тешко да ги споредиме податоците.“

„Одлучивме да го задржиме истиот тест тим а Јапонската екипа ќе ги прави тестовите и во Европа.“

Lorenco txt 23 12

Откако Лоренцо објави дека се повлекува од натпреварувањето, Џарвис му оддаде признание на неговиот поранешен возач и изјави дека има одлични сеќавања од соработката за време на шампионските сезони, 2010, 2012 и 2015.

„Секако дека имаме одличен однос бидејќи заедно работевме девет години. Мислам дека е многу ретко еден тим да има толку долг договор со еден возач.“

„Тој ни се приклучи многу млад но веднаш покажа дека има потенцијал. Веќе во третата MotoGP трка стигна до победа а потао освои и три титули.“

Доколку Лоренцо премине во Yamaha, тој ќе биде вториот возач кој за само две години си заминува од HRC и преминува во директен конкурент. Минатата зима, Дани Педроса стана тест возач на КТМ.

Исто така постојат гласини и дека Лоренцо би можел да стане коментаторт на MotoGP трките.

motul makeodnija

Би можело да ве интересира

„Можеби за време на тестот нема да можам да го извозам планираниот број на кругови“ – Марк Маркез

„Yamaha работи напорно и ќе се обиде уредот да биде готов за тестот во Малезија“- Маверик Вињалес

Компанијата Мото-Пром од Гевгелија од неодамна е новиот увозник на брендот Кавасаки за Македонија.

Макс Биаџи и Хју Андерсон ќе му се приклучат на Хорхе Лоренцо и оваа сезона ќе станат дел од MotoGP Legends листата.

Стартот на оваа година веќе ни навестува дека таа ќе биде многу интересна и возбудлива, особено за Motul. 

„Имам слушнато многу работи за Кени Робертс, дека тој е еден од возачите кој го има променето самиот концепт. Марк е ист како него, тој го промени начинот на кој возиме“ – Данило Петручи.

Реклами

Листа на мото настани

  • 22 Февруари 2020 - 22 Февруари 2020
  • Clubhouse 3313
  • Илинденска 138, Скопје

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.