Андреа Ианоне е суспендиран од страна на FIM поради позитивен допинг тест.
Андреа Ианоне доби привремена суспензија од страна на FIM поради допинг. Тестот беше направен по завршувањето на Малезиската Гран При трка.
По крајот на трката во Сепанг, во примерокот кој беше земен од Ианоне биле пронајдени сусптанции кои се забранети според правилата на FIM.
Откако заврши првичната истрага која ја направи Светската Анти Допинг Агенција, FIM одлучи да му даде привремена суспензија на Ианоне. Во следниот период, тој ќе има забрана да биде дел од сите мото натпревари.
Според соопштението кое го издаде организацијата, во примерокот кој бил земен од Ианоне бил пронајден анаболично-андроген стероид, кој е забранет според правилникот на FIM. Јаноне сега има право на проверка на Б примерокот.
Оваа суспензија, сериозоно ја става под прашалник неговата MotoGP кариера. Италијанецот веќе има договор со тимот на Aprilia за сезоната 2020.
Поранешниот победник на трка од MotoGP шампионатот, го освои шестото место на Гран При трката на Австралија а воедно тоа беше и најдобар пласман на Aprilia минатата година. Сезоната ја заврши на шеснаесетата позиција.
Доколку Aprilia се одлучи да ја прекине соработката со него, тогаш би можеле да го насочат вниманието кон Бредли Смит и следната година тој да му стане тимски колега на Алеш Еспаргаро.
Во 2012 година, Антони Вест го загуби местото во Moto2 шампионатот откако падна на допинг тест. Минатата година Австралискиот возач повторно имаше позитивен тест.

Коментари