Возачот на Aprilia MotoGP, Андреа Ианоне, кој се уште ја чека конечната одлука откако падна на допинг тестот, вели дека мотоциклизмот е неговиот живот.
Додека ја чека одлуката дали ќе може да ја продолжи MotoGP кариерата или ќе мора да се соочи со забрана за настап, Андреа Ианоне уште еднаш изјави дека не е виновен. Возачот на Aprilia MotoGP има забрана за тркање уште од 17-ти декември минатата година откако беше утврдено дека е позитивен на допинг тестот кој му беше направен веднаш по завршувањето на Гран При трката на Малезија.
Вториот примерок исто така покажа дека во неговиот организам има недозволени суспестанци. Неговиот адвокат сепак тврди дека тие не биле земени намерно и дека најверојатно се наоѓале во месото кое што го консумирал за време на настапот во Сепанг.
Иако се уште нема никаква официјална потврда од FIM и WADA, Ианоне ќе мора да почека можеби дури до март пред да му биде соопштена конената одлука.
Во меѓувреме, Италијанецот останува на ставот дека е невин и вели дека после се што поминал и жртвувал за да стигне до тука, никогаш намерно не би земал нешто што е забрането.
„Се чувствувам како да сум во некој филм каде што без да сакам ја играм главната улога“ изјави Ианоне за Gazetta dello Sport.
„Немам план Б. Најважно од се ми е да бидам брз со мотоциклот на Aprilia.Мотоциклизмот е мојот живот. Не сум глупав за да го ризикувам тоа.“
Ианоне ги отфрли наводите дека повеќе се грижи за имиџот кој го има на социјалните мрежи каде што има околу 1.6 милиони следбеници, отколку за тимот на Aprilia.
„Можеби јас сум возачот кој најмалку ги користи социјалните мрежи. Таму сум единствено поради рекламни цели бидејќи таков ми е договорот со моите спонзори.“
„ Aprilia за мене е како семејство. Не очекував ваква поддршка и токму затоа сакам да победам. “

Фаусто Гресини го поддржува тврдењето на Ианоне
Во меѓувреме, Aprilia јавно го поддржа Ианоне, барем се додека не биде соопштена конечната одлука. Сепак тие мораат да имаат план Б бидејќи следниот MotoGP тест ќе се оддржи на 2-ри февруари. Засега Бредли Смит е промовиран во прв возач а Макс Бијаџи и Лоренцо Савадори ќе бидат дел од тестот кој ќе се оддржи во Малезија.
Ианоне исто така ја има поддршката и од тимскиот менаџер, Фаусто Гресини, кој за GPOne изјави дека верува во тврдењето на Ианоне.
„Имав можност да разговарам со него и верувам дека не направи ништо погрешно. Во Сепанг веднаш се појави на теситрањето а така не се однесува некој кој има нешто да сокрие. На таа трка возачите губат многу течности. Вредностите кај него се големи но не до толку многу за да верувам дека намерно го предизвикал тоа.“

Коментари