SKY Racing Team VR46 тимот денеска ги претстави боите кои ќе ги носат нивните мотоцикли во Мото2 и Мото3 шампионатите.

За тимот во Мото2 и Мото3 шампионатите настапуваат Лука Марини, Марко Безеки, Селестино Виети и Андреа Мињо кои беа на откривањето на боите во Тавулиа на VR46 ранчот.

2 moto sky trequarti dx.big

Во Мото2 класата Марини ќе биде придружуван од Безеки во 2020, се очекува тие да бидат една од нај конкурентните двојки на гридот, додека пак Виети му посака добредојде на Мињо во Мото3.

„Се гордеам со тимот кој го составивме за оваа сезона, тоа се возачи кои се способни да импресионираат, навистина се брзи и конзистентни, а професионализмот кај нив е на високо ниво. Тоа се вредности кои се важни за нас и кои ги бараме од возачите. Пасијата за тркањето, непоколебливоста и тимскиот дух не обединуваат во тимот!“ - изјави тимскиот менаџер Пабло Нието.

m3moto 3 13 laterale sx.big

Back To Top