Поради отсуството на Андреа Ианоне, Aprilia Racing се подготвува да го активира планот Б. Големи се шансите поранешниот MotoGP возач, Макс Бијаџи, да го преземе неговото место во Сепанг.

Останаа уште само три недели додека MotoGP повторно да се врати во акција а Aprilia Racing забрзано работи на решение во случај Андреа Ианоне да не смее да настапи за нив.

Италијанскиот возач во моментов е суспендиран откако падна на допинг тестот кој му беше направен по завршувањето на Гран При трката во Малезија во 2019 година. Минатата недела, адвокатот на Ианоне соопшти дека позитивен бил и вториот примерок кој бил даден на анализа.

Во моментов тој се уште е суспендиран се додека не биде донесена конечна одлука. Неговите адвокати тврдат дека недозволената супстанца случајно била внесена во организамот. Најавија дека ќе поднесат жалба на одлуката но додека биде донесено конечното решение, сигурно ќе поминат неколку недели.

Екипата има резервен план а најверојатно Бредли Смит ќе се врати во серијата и во 2020 година ќе му биде тимски колега на Алеш Еспаргаро. Сепак, сето ова ќе зависи од конечната одлука во однос на Ианоне.

 DSC3066 copy copy copy copy

Но она што ги компликува работите за екипата се тестовиет на кои за прв пат треба да се појави нивната нова MotoGP машина. Производителот ја напушти V4 конфигурацијата и ја замени со 90 процентна единица која може да се најде кај Ducati и Honda. Сето ова е направено со цел да се зголеми компетитивноста но и да се изедначи мотоциклот со останатите машини на патеката.

Макс Бијаџи ќе тестира во Сепанг ?

Меѓу возачите кои би можеле да тестираат за тимот е и Карел Абрахам кој иако потпиша договор со Avintia Ducati, сепак беше заменет со Јохан Зарко. И покрај тоа што најави повлекување од спортот, се појавија гласини дека Чешкиот возач веќе стапил во контакт со првите луѓе на Avintia .

Опција е и Лоренцо Савадори, кој возеше за Aprilia во WorldSBK серијата се до 2018 година а последно настапуваше во Moto E шампионатот. Италијанецот требаше да се врати во WSBK оваа година и да настапи за Pedercini Kawasaki, но во тимот се појавија финансиски проблеми.

Има најави и дека за тимот би можел да настапи двојниот WorldSBK шампион и поранешен MotoGP возач, Макс Бијаџи. Италијанецот е амбасадор на тимот а неодамна на патеката во Сепанг возеше со Aprilia RSV X.

„Можеби ќе ни се приклучи Бредли Смит а неодамна не контактираше и Абрахам, кој навистина сака да се врати во натпреварувањето. Разговаравме со него но се уште не сме ја донеле конечната одлука.“

„Исто така постои можност да соработуваме со Биаџи и со Савадори. Двајцата возачи се дел од планот Б. Ако Биаџи тестира за нас, тоа сигурно ќе биде само еднаш. Италијанскиот возач веќе има премногу обврски, пред се со неговиот тим, Max Racing, кој е дел од Moto3 шампионатот. “

Back To Top