Сигурен сум дека имате слушнато за Energica, производителот на електрични мотоцикли кој засега има најубави модели. Сепак, една нова компанија, Fenris Motorcycles има голем напредок и е на пат да им стане главен конкурент.
Го гледате еден од најубавите и најочекуваните Triump мотоцикли досега. Новиот Bonneville Bobber кој чини околу 11.000 евра за прв пат беше претставен во октомври, а застапниците на Triumph веќе добија голем број на нарачки за овој мотоцикл.
Последниот мотоцикл кој ни доаѓа од „Faster Sons“ е Yamaha SCR950, мотоцикл кој е изработен од страна на Џеф Палхеги, изработувач на мотоцикли кој во изминативе 20 години има изработено повеќе од 70 мотоцикли.
Aprilia ги комбинираше новите перформанси со одличната структура на шасијата за да го создаде новиот 2017 Shiver 900, соголен спортски мотоцикл. Тој неодамна беше претставен на EICMA шоуто во Милано, Италија.
Kawasaki ја шири линијата Versys преку новиот 2017 Versys-X 300, лесен авантуристички мотоцикл кој е одличен за помалите возачи или за оние кои не сакаат да потрошат премногу пари на сличен мотоцикл.
Нова генерација на возачи ќе ја започнат својата авантура на новата генерација на моделот Rebel, откако Honda ги претстави моделите за сезоната 2017, Honda Rebel 300 и Honda Rebel 500.
Добро запaмтете го концептот Honda Africa Twin Enduro Sports бидејќи овој авантуристички концепт е можеби најдобриот оф роуд авантуристички мотоцикл што ќе се појави на пазарот.
Кога станува збор за скутерите, ниту едно име не е толку познато како италијанскиот бренд Vespa. Во моментов, повеќе од 18 милиони скутери ширум светот го носат тоа име.