Мотоцикли

Пристигна TVS Apache RR 310

Како што се очекуваше, TVS Apache RR 310 дебитираше во Индија со што заврши одложувањето кое траеше речиси една година.

Следете нè на:

 

Но зошто толку не интересира мотоцикл кој нема да се појави на пазарот во Македонија? Бидејќи во срцето на овој мотоцикл се наоѓа BMW G310RR. Но да не заборавиме и дека овој мотоцикл изгледа навистина фантастично.

Во соработката со TVS Motor, BMW Motorrad ја развива 313cc линијата на едно цилиндрични мотоцикли, а TVS Apache RR 310 во линијата на германскиот бренд ќе стане BMW G310RR. На пазарот ќе се најде кон крајот на 2018 година и ќе им се приклучи на G310R и G310GS како мотоцикли наменети за помладата генерација.

2018 TVS Apache RR 310S 18

Но поради големото одложување, би можело да се случи BMW Motorrad како и TVS Motor да станат ирелевантни дури и пред да се појават на пазарот. Ова се должи на фактот дека сегментот од 250cc на западниот пазар забрзано станува категорија од 300cc.

Можеби ова нема да претставува голем проблем за TVS Apache RR 310 бидејќи пазарот во Индија е многу поразличен за помалите мотоцикли во споредба со пазарот во западните земји. Apache RR 310 исто така ќе стане дел од долгата линија на мотоцикли на компанијата а во која има голем број на модели од категориите 160cc, 180cc и 200cc.

TVS Apache RR 310S ќе има нешто повеќе од 34 коњски сили а во однос на шасијата, ќе ја има истата челична рамка која ќе ја најдете и кај BMW G310R и BMW G310GS. И другите додатоци кои ќе ги има овој мотоцикл се навистина модерни. Тој ќе дојде опремен со LCD табла, LED предни светла како и ABS сопирачки. Суспензијата доаѓа од KYB, а сопирачките од ByBre која е фирма ќерка на Brembo.

Неговата цена не е воопшто висока и ќе чини приближно 3000 евра.

Би можело да ве интересира

Пол Еспаргаро има само една цел во текот на зимската пауза: Да оздрави.

На два дена пред официјалното претставување на MotoGP тимот на Honda, Хорхе Лоренцо ќе мора да оди на операција

За Аргентинецот, Николас Кавиглиасо, релито Дакар 2019 беше само второ учество на овој настан. Но и покрај тоа, тој доминираше на поголем дел од трката и со неговата Yamaha YFZ-400 успеа да стигне до првата позиција.

МотоГП тимот на Дукати денеска официјално го претстави Desmosedici GP19.

„Во моментов ми се случуваат навистина убави работи. Треба само да продолжам да работам. Како стареам така чувствувам дека станувам се подобар“ – Џек Милер

Австралиецот Тоби Прајс победи на Релито Дакар 2019. 31 годишниот возач ги надмина сите очекувања откако целото рели го возеше со повреда на раката. Ова е втора победа на Дакар за Прајс откако истото му успеа и во 2016 година.  Во 2017 година ја скрши ногата на четвртата етапа а минатата година заврши на второто место.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.