Уредникот во MCN само што заврши со возење на новиот Ducati V4 Panigale на патеката Рикардо Тормо во Валенсија. Со 212кс, нова рамка во стилот на MotoGP мотоциклите и една од најнапредните електроники во светот, овој мотоцикл ќе го замени 1299 Panigale во супербајк линијата на Ducati и ќе ја формира основата за борбата за титула во WSB во 2019.

Први импресии од Ducati V4 Panigale

„Новиот мотоцикл е едноставно неверојатен,“ вели Мет. „Со 212кс, од Ducati велат дека тој е најбрз и најмоќен продукциски мотоцикл некогаш произведен. А после првото возење, воопшто не се сомневам во тоа. Преносот од една во друга брзина беше перфектен.“

ducati 06

„Шасијата е исто така импресивна. Исто како и на MotoGP мотоциклот, и на овој модел Ducati му дададе „reverse-rotating crank“ што значи дека брегастата ротира во спротивен правец во однос на тркалата. Мотоциклот е лесен за управување и со нетрпение чекам повторно да се качам на него во следните неколку сесии.“

„Во однос на електрониката, таа е една од најнапредните во светот и ви овозможува да притиснете на гаста без да чувствувате никакво ограничување. Тој ќе биде одличен мотоцикл за на тркачка патека но исто така и доколку го возите на улица. Имам уште четири сесии за подобро да го научам мотоциклот, но од она што досега го видов, тој е фантастичен.“

ducati 02

Што друго знаеме за новиот Desmosedici Stradale V4 мотор

Ова е првиот мотоцикл за масовно производство на Ducati кој има четири-цилиндричен мотор. Изработен во соработка со техничарите и возачите на Ducati Corse, тој користи работи кои доаѓаат директно од тркачките мотоцикли,пред се во однос на дизајнот и архитектурата. Редовен сервис треба да му се направи после 12.000км, а проверка на вентилите после 24.000км. Неговата моќност може дополнително да се зголеми доколку му го додадете новиот, титаниумски издув од Акрапович.

Моторот е наместен под агол од 42 степени, исто како и кај мотоциклите во MotoGP. Ова е направено со цел да има рамномерна распределба на тежината. Воздухот до моторот стигнува преку четири отвори кои имаат дијаметар од 52mm. Со тежина од 64.9 килограми, тој е само за 2.2 килограми потежок од моторот кој го има 1285cc Superquadro V-twin.

ducati 13

Неколкуте контроли за сопирање се изработени директно на патеката со помош на официјалните и тест возачите на Ducati. Тие се инкорпорирани во три режим, тркачки, спортски и улични и можат да се прилагодат преку напредната TFT табла.

Воведувањето на 6D IMU му овозможи на „Ducati Slide Control (DSC)“  кој е изработен во соработка со Ducati Corse, да биде додаден на контролата на тракцијата (DTC EVO). Новиот систем му овозможува на возачот поголема контрола над моќноста на мотоциклот како и поголема контрола при излегување од свиок. DSC има два различни сетинзи: менувањето од првото на второто ниво овозможува поголема контрола над мотоциклот кога се навалувате на една или друга страна. Доколку сакате да ги промените неговите вредности, тоа можете да го направите преку таблата или преку копчето кое се наоѓа на левата страна на мотоциклот.

Електронскиот пакет на Panigale V4 вклучува:

ABS Cornering Bosch EVO

Ducati Traction Control EVO (DTC EVO)

Ducati Slide Control (DSC)

Ducati Wheelie Control EVO (DWC EVO)

Ducati Power Launch (DPL)

Ducati Quick Shift up/down EVO (DQS EVO)

Engine Brake Control EVO (EBC EVO)

Ducati Electronic Suspension EVO (DES EVO)

ducati 08

За да ја намали целокупната тежина поради поголемиот број на цилиндри, Ducati изработи комплетно нова рамка наречена „Front Frame“.  Таа е полесна и покомпактна и со неа мотоциклот е за 2,5 килограми полесен од новиот 959 Corse. Новата рамка овозможува торзионата ригидност да биде одвоена за полесно да се абсорбираат нерамните делови од патот кога влегувате во некој свиок. Рамката е директно поврзана со главата на предниот и задниот цилиндар, а самиот мотор исто така делува како фиксна точка за задната суспензија. 

Panigale V4 е исто така опремен и со 43mm Showa вилушка која е целосно прилагодлива. Таа има и радијални држачи изработени од Brembo. Предниот дел е надополнет со амортизер од Sachs додека пак на задната страна исто така има комплетно прилагодлив амортизер, исто така изработен од Sachs.

ducati 09

Електронската суспензија ви овозможува да изберете меѓу мануелен режим, во кој сами можете да ја прилагодите компресијата и амортизацијата или пак можете да ја одбретете автоматската „Dynamic“ опција. Доколку ја одберете втората опција, системот самиот ќе ги направи прилагодувањата во зависност од условите на патот и од податоците кои вие ќе ги внесете.

Panigale V4 ги има новите „Stylema monobloc“ клипови на Brembo, кои всушност се најновиот додаток на веќе докажаните М50. Изработени од една легура, тие се за 70 грама полесни без притоа да има некакво влијание на нивната ригидност.

ducati 01

Panigale V4 има нов, 5 инчен TFT дисплеј со висока резолуција и голема осветленост. Тој е целосно редизајниран во однос на распоредот на работите на екранот и графиката.Има два различни распореди: „Track“ се фокусира повеќе на времето кое го постигнувате додека пак „Road“ повеќе се фокусира на вредностите на моторот. Максималната брзина, одбраниот режим на возење и брзината во која возите остануваат на истото место на екранот.

Ова е најнапредниот мотоцикл кој Ducati некогаш го изработил, сојуз на брутална моќ, електроника и минимализам. Се чини дека тој би можел да биде најдобриот спортски мотоцикл за 2018 година.

Извор: MCN

Back To Top