Овој мотоцикл беше создаден од страна на Маркус Красер. Најпрво беше „Chiev Vintage“, а како што постепено се развиваше, на крајот неговиот изглед комплетно се промени.
Ако мислевте дека Indian мотоциклите не се погодни за екстремни промени, погледнете го само овој мотоцикл.
Мајкл вели дека мотоциклот го направил за сопственикот на музејот „Top Mountain Motorcycle“ и додава дека тој слободно може да се вози на улица и покрај неговиот исклучителен изглед.

Најтешкиот дел од изградбата на мотоциклот било како да се искомбинира старото со новото, а исто така да се вклучат и елементи од музејот.
„Ова го постигнавме преку бојата, www.airvolution.at, кои се едни од најдобрите во Европа,“ изјави Маркус. „Она што можете да го видите на мотоциклот се слики од внатрешноста на музејот. Таму има околу 250 мотоцикли, почнувајќи од 1894 година па се досега, вклучувајќи и 25 постари модели на Indian.“
Во основа, речиси целиот мотоцикл е изработен рачно, освен резервоарот за гориво и задното светло, кои беа позајмени од „Victory Hammer“. Исто така и издувот е специјално дизајниран и тој излегува од средина на овој мотоцикл, нешто што не се гледа често кај уличните мотоцикли.
Мотоциклот ќе остане дел од музејот во текот на зимата, а напролет, неговиот горд сопственик, вели дека ќе почне и да го вози.

Коментари