Honda Rebel крузерите добија подобрувања за сезоната 2020.
Honda Rebel крузерите добија подобрувања за сезоната 2020, меѓу кои се ново квачило, подобрена суспензија како и LED светло. И двете верзии (300 и 500) ќе ги имаат истите промени. Honda ќе ја воведе S верзијата на Rebel 500 во Европа.
Според компанијата, новото квачило ќе ја направи помазна промената на брзините. Тоа би требало да им помогне на помладите возачи кои се уште се обидуваат да се навикнат на шест брзинскиот менувач.
Моторот останува ист. Rebel 500 ќе го има 471cc паралел твин агрегат додека пак Rebel 300 ќе го има единечниот 286cc. Верзијата 500 исто така ќе добие и нов издув. Со него ќе бидат исполнети Euro 5 регулативите. Rebel 300 нема да се најде на пазарот во Европа и затоа оваа промена не беше потребна.
Промени има и кај инструмент таблата која сега покажува во која брзина се движите како и колкава е потрошувачката на гориво.
2020 Honda Rebel 300 ќе биде достапен во неколку бои: Matte Fresco Brown, Graphite Black Metallic и Matte Blue Jeans Metallic. Верзијата Rebel 500 пак ќе биде достапен во Matte Armored Silver, Graphite Black и Matte Blue Jeans Metallic.
Honda Rebel S пак ќе има Matte Axis Grey Metallic боја, штитници за вилушката како и промена на дизајнот на седиштето. Во моментов се уште ја очекуваме цената кај увозникот на Хонда за Македонија - Макпетрол.