БМВ го претстави долго очекуваниот крузер, BMW R 18 доаѓа со голем боксер мотор и класичен изглед на крузер.
Во време кога повеќето мото производители се фокусирани на изработка на побрз мотоцикли или мотоцикл со повеќе електронска опрема, Баварскиот производител се врати на основите. Базиран на моделот R5, новиот R 18 ни доаѓа со неверојатни детали.
Моторот доаѓа со боксер агрегат од 1800цц, најголемиот до сега кој излегол од оваа фабрика, а кој има два цилиндри и воздушно ладење со кои развива 91кс. Менувачот е 6 степен, а моќноста е најизразена на 4,750 вртежи во минута.
Иако има ретро изглед, новиот BMW R 18 доаѓа со многу технологија во него, ги издвојуваме трите мода на работа (Rain, Roll и Rock) како и автоматската контрола на стабилност на BMW. Тука се и асистентот за враќање наназад, контрола на пролизгување на тркалата како и помошник за тргнување на угорнина.
Имајќи во предвид дека новиот модел е направен да му биде директен конкурент на Harley-Davidson, листата на додатоци кои можете да ги нарачате за овој модел е огромна.
Моделот се очекува во продажба во Септември, а цената се шпекулира на околу 19.000 евра.