2020 Harley-Davidson Softail Standard е наменет за сите оние кои само што почнуваат да возат.
Harley-Davidson да ја подобри Softail линијата на мотоцикли со нов модел. Со цел да се спротистави на конкуренцијата, пред се на Triumph Bobber, Harley-Davidson креираа машина која има единечно седиште и која му овозможува на возачот да ја прилагоди според своите потреби.
Овој мотоцикл има 19 инчно тркало напред и 16 инчно тркало позади а единствена боја е Vivid Black. Во срцето на машината се наоѓа Milwaukee-Eight V-Twin 107 моторот кој има 110ft-Ib (145Nm) of torque. Мотоциклот тежи 291 килограм и има шест брзини.
Со цена од 13 679 евра, Harley-Davidson Softail Standard е дизајниран да биде поприфатлив за сите оние кои за прв пат влегуваат во светот на мотоциклите. Тој е исто така за 1000 евра поефтин од претходната entry level машина, Street Bob.
Кај Softail Standard на располагање ќе имате четири пакети со додатоци. Day Tripper Custom пакетот, кој има цена од 1700 евра, содржи екстра држачи. Пакетот Coastal Custom , кој изнесува 1800 евра, има за цел да ги подобри перформансите. Тука имате Softail Quarter Fairing, алуминиумски рачки и BMX-style држачи за нозете.
Touring Custom пакетот, кој изнесува 2000 евра е наменет за подолги дестинации додека пак Performance Custom пакетот кој изнесува 1500 евра ја подобрува реакцијата на гаста а исто така имате и придушувачи на звукот на издувот.
Harley-Davidson Softail Standard технички спецификации
Harley-Davidson Softail Standard Specs | |
Length | 91.3 in. (2,320 mm) |
Seat Height | 25.8 in. (655 mm) |
Fuel Capacity | 3.5 gal. (13.2 l) |
Dry weight | 642 lb. (291 kg) |
Engine | Milwaukee-Eight® 107 |
Displacement | 107 cu in (1,746 cc) |
Bore | 3.937 in. (100 mm) |
Stroke | 4.374 in. (111 mm) |
Engine Torque | 110 ft-lb (149 Nm) |
Transmission | 6-Speed Cruise Drive® |
Wheels | Chrome Steel Laced |
Tires Front | 100/90B19,57H,BW |
Tires Rear | 150/80B16,77H,BW |