BMW Motorrad го престави концептот R 18 /2 кој има 1800cc. Еве уште неколку детали од оваа елегантна и модерна машина.

Првиот BMW Motorrad Concept R 18 беше преставен на почетокот на годината. Неколку месеци подоцна, на EICMA шоуто во Милано беше преставен уште еден концепт кој се базира на големиот 1800cc boxer мотор: BMW Motorrad Concept R 18 /2. Според стилот, тој е сосема спротивен на Concept R 18: модерен крузер со одлични перформанси.

bmw motorrad concept txt 1

Едгар Хајнрих, одговорен за дизајн во BMW Motorrad

„Мотоциклот е дизајниран за активно возење. Во исто време, концептот R 18 /2 ги изразува карактеристиките но и желбите на потрошувачите“, објаснува Хајнрих.

bmw motorrad concept txt 2

BMW Motorrad Concept R 18 /2 е истовремено спортски и модерен. Резервоарот за гориво како и седиштето одлично се надополнуваат на штитникот на задното тркало. Сите надворешни делови имаат Candy Apple Red металик боја.

Во центарот на BMW Motorrad Concept R 18 /2 е големиот дво цилиндричен boxer мотор кој има 1800 cc. Меѓу останатите детали кои се издвојуваат се тркалата како и сопирачките од Brembo.

Back To Top