Мотоцикли

Husqvarna Norden 901 концептот е подготвен за авантура

Секоја година Husqvarna работи напорно за да биде подготвена за EICMA мото шоуто во Милано.

Следете нè на:

 

Секоја година Husqvarna работи напорно за да биде подготвена за EICMA мото шоуто во Милано.

Во изминативе пет години Шведската компанија секоја година покажува по еден нов уличен мотоцикл како и еден нов концепт кој во иднина би можел да се најде во производство. Овој тренд продолжува и во 2019 година.

Денеска можеме да го видиме концептот Husqvarna Norden 901, уникатен авантуристички-туринг мотоцикл кој има 899cc parallel-twin мотор. Како што кажува и самото име, Norden 901 ја има подобрената верзија на “890” моторот кој може да се најде кај KTM 890 Duke R. Сепак моторот е дел од пакетот кој е сличен како оној кој може да се најде кај KTM 790 Adventure платформата.

Но сето ова не е случајно. Husqvarna ја користи поголемата верзија на parallel-twin платформата за да се разликува од портокалово-црните мотоцикли на КТМ.

Norden 901 има интересен „neo-retro“ стил кој пополека станува главно обележје на уличните мотоцикли на компанијата. Машината има 21 инчно тркало напред,18 инчно тркало позади како и одлична суспензија. Можеме да очекуваме Husqvarna Norden 901 да се покаже одлична за возење по оф роуд услови иако машината не е специјално дизајнирана за тоа. Husqvarna Norden 90 има голем број на штитници а ниту еден авантуристички мотоцикл не може да се замисли без светлата за магла.

Со оглед на тоа дека сум поголем фан на Vitpilen отколку на Svartpilen, тешко можам да кажам што сака Husqvarna да постигне со овој концепт, но сепак морам да признаам дека има некои детали кои треба да се потенцираат. Нашиот омилен кај овој концепт е екранот.

Што мислите вие за Husqvarna Norden 901? Дали Австриската компанија треба да почне со производство на овој мотоцикл или пак треба уште да работат?

motul makeodnija

Би можело да ве интересира

Маверик Вињалес забележа најдобро време на третиот и последен ден од официјалниот МотоГП тест во Катар.

Торпак Разгатлиоглу постигна најдобар резултат на првиот ден од тестовите на Филип Ајленд. Зад него се најдоа Том Сајкс и Лорис Баз.

Се чини дека не се подобрува состојбата на актуелниот шампион Марк Маркез.

Фабио Квартараро беше најбрз на вториот ден од тестот во Катар.

Следен во серијалот од интервјуа со македонските мотоциклисти кои се натпреваруваат на меѓународни натпревари е Слободан Ивчески.

На патеката Лосаил во Катар денеска започна официјалниот пред-сезонски тест.

Реклами

Листа на мото настани

  • 22 Февруари 2020 - 22 Февруари 2020
  • Clubhouse 3313
  • Илинденска 138, Скопје

  • 14 Март 2020 - 14 Март 2020
  • Beertija Pub
  • Frederik Shopen 4, 1000 Skopje

  • 28 Март 2020 - 28 Март 2020
  • Bad Boys Bar
  • Кочани

  • 19 Јуни 2020 - 21 Јуни 2020
  • Club house
  • Скопје, Водно

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.