Kymco RevoNEX ги привлече погледите на сите оние кои беа дел од EICMA 2019 и ги покажа амбициозните, глобални планови на компанијата.

Откако привлече најголемо внимание на EICMA 2018 со SuperNEX, следната етапа од електричната револуција на Kymco, RevoNEX, повторно ги освои симпатиите на присутните на овогодинешното EICMA мото шоу.

Еден од светските лидери во производството на скутери, Kymco престави една многу храбра визија кога на сцена се појави SuperNEX, машина која има електрично напојување, шест брзински менувач како и одличен дизајн.

Иако SuperNEX во суштина го покажува само она што компанијата може да го направи, RevoNEX на пазарот ќе се појави во 2021 година и ќе содржи многу од работите кои веќе ги набројавме.

Kymco RevoNEX 2 txt 08 11

Од компанијата засега не сакаат да откријат премногу детали но горди се на перформансите и тврдат дека мотоциклот може да достигне брзина од 99 километри на час за само 3.9 секунди. Од 100 до 199 км/ч развива за 8.7 секунди.

Компанијата се одлучи да го задржи менувачот со цел да ја задржи суштината на спортските мотоцикли но исто така и да предизвика силни емоции кај возачот.

Иако во последните неколку години Kymco се фокусира на скутери како и мотоцикли на четири тркала, SuperNEX  и RevoNEX се јасни знаци дека компанијата планира да стане дел од пазарот со помоќни машини. Тие веќе се шират на пазарите во Европа и САД и ја користат неодлучноста на своите ривали.

Одличниот дизајн како и неверојатниот инжинеринг кој го има Kymco RevoNEX , укажуваат на тоа дека компанијата гледа можност за развој на сопствен бренд во сегмент од пазарот кој се уште не е докрај дефиниран.

Back To Top