Корисни текстови

Како да го спуштите коленото на асвалтот?

Спуштањето на коленото многу често го преставува „светиот грал“ за многу мотоциклисти и сигурно нема да го заборавите првиот пат кога вашето колено ќе го допре асфалтот.

Следете нè на:

 

Но сепак, тоа не е нешто што секој возач може да го направи едноставно. Ние ќе ви помогнеме и ќе ви дадеме неколку насоки како и вие да го постигнете тоа.

trening motori 65

  1. Вистинска позиција

Идеалната позиција е кога половина од вашиот задник се наоѓа на седиштето, ногата ви е залепена за резервоарот, а коленото насочено нанапред. Горниот дел од телото треба да ви биде над резервоарот, а веќе кога се навалувате главата и рамената треба да ви бидат одалечени од мотоциклот. Важна е и позицијата во која ви се наоѓа стапалото. Кај стапалото од внатрешната страна на мотоциклот, само прстите треба да ви бидат на држачот, додека пак стапалото од надворешната страна треба целосно да ви биде на држачот. Многу возачи се обидуваат да го спуштат само коленото, но тоа воопшто не е потребно доколку телото го поставите на вистинскиот начин.

trening motori 61

  1. Останете во иста позиција

Многу често возачите по излегување од некој свиок се обидуваат прерано да се вратат на средина на седиштето. Со тоа само се нарушува стабилноста на мотоциклот. Кога излегувате од свиок, обидете се да останете во истата позиција колку што можете подолго. Освен доколку не возите на некоја тркачка патека која има долг правец, многу малку време ќе седите на средина на мотоциклот.

  1. Држете ја гаста затворена

Уличните возачи многу често забрзуваат кога влегуваат во свиок, но сепак, кога сте на тркачка патека и кога влегувате во свиок треба да ја држите гаста затворена односно константна. На овој начин, и полесно ќе управувате со мотоциклот.

trening motori 44

4. Бидете побрз кога влегувате во свиок

Кога возите низ свиокот со затворена гас значи дека имате поголема брзина додека сте внатре во свиокот и можеби ќе треба да одберете поголема брзина на пренос. Доколку успеете да ги совладате сите овие работи, тогаш без никаков проблем ќе го „спуштите“ коленото. Вреди да знаете дека тоа што полесно ќе го спуштате коленото, нема да ве направи побрз. Немојте да се фиксирате на тоа бидејќи на тој начин може да почнете да применувате погрешна техника и да бидете многу побавен. Доколку сакате да дознаете нешто повеќе, погледнете го видеото кое можете да го најдете подолу.

motul makeodnija

Би можело да ве интересира

За само 18 месеци имаме нова поправка на патеката во Силверстоун.

Понекогаш треба да побараш нешто од универзумот за тој да ти ја исполни желбата.

Kawasaki објавија детали од нивната оф роуд линија на мотоцикли за сезоната 2020.

Ако мислевте дека новиот авантуристички мотоцикл на КТМ е убав тогаш што мислите за новата 790 Adventure R Rally верзија?

Маверик Вињалес смета дека Хорхе Лоренцо следната трка треба да ја почне од последниот ред. „Изгледаше како почетничка грешка а тој е неколкукратен шампион.“

Андреа Довициозо го прифати извинувањето на Хорхе Лоренцо но сепак е разочаран од резултатот на неделната трка. Смета дека Лоренцо треба да добие казна.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.