Менувањето на вашиот автомобил за некое вакво превозно средство ќе го намали загадувањето, а исто така и метежот во сообраќајот.
Денеска е светскиот ден на чистиот воздух и асoцијацијата на производители на мотоцикли ги повика владите да ја признаат важноста која мотоциклите и скутерите ја имаат во намалувањето на загадувањето.
Тони Кембел, претседател на асоцијацијата сака да се направи многу повеќе со цел луѓето да се префрлат на превозни средства со две тркала.
„Воопшто нема никакво сомневање, новите и иновативни превозни средства ќе решат многу од проблемите со кои се соочуваат возачите, а многу од нив ќе дојдат од производителите на мотоцикли.“
„Потребно е владите и локалните власти да бидат отворени за можностите и да ги поттикнуваат луѓето да користат помали превозни средства кои исто така имаат и помало влијание врз загадувањето.“
Лошиот квалитет на воздухот е сериозен проблем, а според проценките на Светската Здравствена Организација, Велика Британија тоа ја чини околу 54 милијарди фунти и допринесува за смртта на 29,000 луѓе годишно.
Во моментов има 248 мотоцикли и скутери кои го исполнуваат строгиот Euro 4 стандард, што значи дека емитуваат само 75г/км јаглерод диоксид или помалку. Менувањето на вашиот автомобил за некое вакво превозно средство ќе го намали загадувањето, а исто така и метежот во сообраќајот.