Гласините се покажаа како точни, а тоа значи дека Штефан Брадл ќе премине во Светскиот Супербајк шампионат во сезоната 2017 и ќе стане тимски колега на Ники Хејдн во тимот на Honda.
Пред неколку дена објавивме дека Марко Меландри ќе премине во тимот на Ducati World Superbike и ќе го замени Италијанецот Давиде Џулијано. Веста и официјално доби потврда денеска, а Меландри ќе му се приклучи на Чез Дејвис.