На последниот состанок на Супербајк комисијата беше донесена одлука да се укинат казнените поени.

Откако Гран При комисијата за време на средбата во Катар ги укина казнените поени, се очекуваше тоа да го направи и Светската Супербајк серија. На последниот состанок на Супербајк комисијата беше донесена одлука да се укинат казнените поени. Причините за ваквата одлука и во двата случаи се исти: Организаторите на трката веќе имаат доволно казнени мерки со кои можат да се справат со било какво прекршување на правилата. Целта е веднаш да се казнат возачите, на самиот настан, отколку да се собираат прекршувањата на правилата во текот на неколку трки и дури потоа да следува казна.

PA1808377.0008

Покрај ова, Супербајк комисијата донесе и неколку помали измени на правилата. Покрај забраната за употреба на скутерите за возачите да се запознаат со патеката, донесена е одлука да се забрани и употребата на електричните мотоцикли.

Со оглед на тоа дека електричните превозни средства опфаќаат голем број на возила, од помали мотоцикли до оние кои можат да развијат брзина и поголема од 80 километри на час, ваквата одлука е сосема разбирлива. Но со неа, на возачите кои имаат повреди на нозете, стапалата или зглобовите ќе им биде многу потешко да се запознаат со патеката.

Исто така има промени и во регулациите кај WorldSSP300. Ова не треба да биде некое големо изненадување бидејќи трката која се оддржа на патеката во Арагон беше првата од тој вид. Самата трка беше многу интересна и сосема ги исполни очекувањата.

Back To Top