Иако повеќето возачи не се суеверни, сепак денешниот петок 13-ти се покажа како малерозен за многумина на патеката Истанбул Парк во Турција.

wsbk-istanbul-accident

Иако повеќето возачи не се суеверни, сепак денешниот петок 13-ти се покажа како малерозен за многумина на патеката Истанбул Парк во Турција.

Меѓу возачите кои го извлекоа подебелиот крај се најдоа и Карлос Чека, возачот на Дукати, кој заврши во болница со посериозни повреди и нема да настапи на трките во недела. Неговата судбина ја сподели и возачот на Сузуки, Леон Камиер, кој откако доживеа пад со моторот во еден од брзите свиоци на Истанбул Парк, се здоби со 7 скршени коски на стапалото! За него не само што е завршена трката, туку по се изгледа и сезоната, и ќе му се приклучи на Џонатан Реа од тимот на Хонда кој остатокот од сезоната ќе го проследи на малите екрани.

За среќа денеска имаше и убави моменти, временските услови беа одлични, па ви пренесуваме дел од акцијата на патеката:

Back To Top