Возачот на Кавасаки тимот, Том Сајкс, дојде до супер-пол позиција пред трките на патеката Истанбул Парк во Турција.

sajks-pol

Возачот на Кавасаки тимот, Том Сајкс, дојде до супер-пол позиција пред трките на патеката Истанбул Парк во Турција.

Иако временските услови во првите утрински сесии беа лоши, дождот на стазата за среќа за кратко престана па имавме можност да ги проследиме во вистинско светло. Во Супербајк шампионатот квалификациите се организирани според следниот систем: од првите квалификации кои се возат во сабота, во недела продолжуваат најдобрите 15 кои возат во Суперпол 1. Следниот чекор е Суперпол 2 во кој влегуваат најбрзите 12 и во последната сесија Суперпол 3 се најдобрите 9 возачи.

Том Сајкс дојде до 7-та суперпол позиција во сезоната, што ќе му овозможи на утрешните две трки да стартува од првата позиција и да биде во најповолна положба да го зголеми водството во генералниот пласман.

Одлично возење видовме од Тони Елиас кој сега вози за Ред Девилс тимот, и кој успеа да се квалификува на петтата позиција, со заостанување од само 0.674 делови од секундата зад Сајкс.

Утрешната прва трка започнува во 10 часот по наше време, а втората на програмата е во 13.30 часот. Пренос од трките во живо ќе има на ЕуроСпорт каналот.

Back To Top