WSBK

WSBK: Победа за Чаз Дејвис на втората трка во Германија

Победата за Чаз Дејвис од тимот на БМВ на втората трка во Нирбургринг дојде по прекин на трката пред крајот заради истурено масло на патеката. Втор финишираше Јуџин Лаверти, а на третата позиција го видовме Марко Меландри.

Следете нè на:

 

WSBK13-09-03Чаз Дејвис пред својот клубски колега Марко Меландри

Чаз Дејвис од тимот на БМВ дојде до победа во втората трка на патеката Нирбургринг

Победата за Чаз Дејвис од тимот на БМВ на втората трка во Нирбургринг дојде по прекин на трката пред крајот заради истурено масло на патеката. Втор финишираше Јуџин Лаверти, а на третата позиција го видовме Марко Меландри.

Тмурното време ги следеше возачите во Супербајк шампионатот и на втората трка во Нирбургринг. Првата трка ја одбележа инцидентот на крајот од трката во која сепак Том Сајкс беше прогласен за победник. Втората трка, исто како и првата беше прекината пред регуларниот крај заради истурено масло на стазата.

Леон Хаслам (Сузуки) не настапи на втората трка, откако на првата доживеа тежок пад по кој беше одведен во болница. Хаслам немаше видливи повреди и беше во одлично расположение но мораше да отиде на детален преглед во болницата заради што и не настапи на втората трка. Тимот на Сузуки немаше среќа бидејќи и Џулс Клузел се откажа од втората трка откако имаше механички проблеми со моторот.

Возачот на Хонда тимот исто така не настапи на втората трка. Џонатан Реа по стравотниот пад во првата трка беше одведен во болница каде му беше дијагностицирана скршеница на фемурот. Тимот на Хонда е во незавидна положба бидејќи и вториот возач, Леон Хаслам, само што се опорави од скршениците со кои се здоби на патеката Асен во Мај.

Возбудливиот финиш ни донесе борба на тимските колеги во БМВ, Чаз Дејвис и Марко Меландри, додека пак Лаверти (Априлија) од третата позиција се обидуваше да ја загрози 1-2 победата на БМВ.

Том Сајкс иако на стартот од трката започна добро, пред крајот дури и четвртата позиција му беше загрозена. Силвијан Гинтоли и Давиде Џулијано вршеа притисок врз возачот на Кавасаки на четири круга пред крајот. Сепак финишот исто како и на првата трка беше скратен заради црвено знаме. И овојпат трката беше прекината заради истурено масло на патеката, овојпат заради хајсајд на Матеј Шмрц од чиј мотор се истури маслото. 

На крајот, Чаз Дејвис дојде до победа, втор заврши Лаверти, а трет Марко Меландри. Во продолжение и пласманот на првите 10:

1. Чаз Дејвис (БМВ)
2. Јуџин Лаверти (Априлија)
3. Марко Меландри (БМВ)
4. Том Сајкс (Кавасаки)
5. Силвијан Гинтоли (Априлија)
6. Давиде Џулијано (Априлија)
7. Аиртон Бадовини (Дукати)
8. Мишел Фабрицио (Априлија)
9. Макс Нојкирчер (Дукати)
10. Карлос Чека (Дукати)

По втората трка дојде до промена и во генералниот пласман, сега Том Сајкс е на чело на табелата со 1 поен предност пред Силвијан Гинтоли. Трет во генералниот пласман сега е Марко Меландри со заостанување од 29 бода, а на четврто место е Лаверти кој заостанува 10 бода зад Меландри. До крајот на шампионатот има уште 4 рунди, и вкупно 200 бода кои се во игра.

Следната трка се вози на 15-ти септември на Истанбул Парк.

 

Би можело да ве интересира

„Сега откако си замина најлесниот возач во серијата, првиот човек на Ducati Џиџи Дал’Игна смета дека би било фер за сите доколку има минимална тежина“

„Дали возиме или одиме во вселената?“

Се чини дека постојано има некакви најави и новини во однос на иднината на Ducati, особено со неодлучноста на  Volkswagen AG дали сака да ја задржи компанијата или пак планира да ја продаде.

Аргентинската Гран При трка ќе остане на патеката „Termas de Rio Hondo“, која се наоѓа на северот на државата, уште најмалку три години откако беше продолжен договорот со првите луѓе на MotoGP. Ваквата одлука беше соопштена на прес конференцијата која се случи во Буенос Аирес на почетокот на неделата.

Алваро Баутиста детално откри како во текот на зимата се прилагодува на мотоциклот на Ducati со кој во сезоната 2019 ќе се натпреварува во Светскиот Супербајк шампионат. Баутиста го имаше своето деби со Aruba.it Ducati во текот на дво-дневниот тест на патеката во Херез и за прв пат го испроба новиот Ducati V4 R Superbike.

Првите луѓе на Светскиот Супербајк шампионат ги потврдија драстичните промени на структурата на серијата кои ќе започнат од 2019 година.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.