Том Сајкс смета дека патеката во Донингтон му одговара на неговиот ZX-10R и е подготвен за трката која ќе се одржи овој викенд.

66-sykes

Том Сајкс смета дека патеката во Донингтон му одговара на неговиот ZX-10R и е подготвен за трката која ќе се одржи овој викенд.

Во моментов тој е на третото место во шампионатот, зад  Јуџин Лаверти и Силвиан Гинтоли. Тој веќе оствари победа оваа сезона на трката во Асен - патека која не е многу различна од Донингтон – а на осум трки, пет пати заврши на подиумот.

„Со нетрпение го очекувам Донингтон“ изјави Том Сајкс. „За мене Монца беше една од најтешките трки и покрај тоа што победивме таму минатата година. Донингтон е брза патека и има убави кривини и јас со нетрпение чекам да го возам мојот Ninja ZX-10R. Нема вистински правци па затоа би требало да биде добро. Отсекогаш ми била фаворит и сум возбуден што ќе одам таму со брз и подготвен моторцикл.“

Минатата година Сајкс ја пропушти титулата за само половина бод. Дали оваа година ќе биде поинаку?

Back To Top