Една победа и едно освоено второ место на Марко Меландри на трката во Монца му даваат поттик да се врати во борба за титулата во Светскиот Супербајк шампионат и покрај тоа што се наоѓа на четвртото место со 41 поен помалку од лидерот Силвијан Гинтоли.

2box-sbk-monza-2013-73-620x350

Возачот на BMW Goldbet беше одлично подготвен на Италијанската патека.

Една победа и едно освоено второ место на Марко Меландри на трката во Монца му даваат поттик да се врати во борба за титулата во Светскиот Супербајк шампионат и покрај тоа што се наоѓа на четвртото место со 41 поен помалку од лидерот Силвијан Гинтоли.

„Заминуваме во Донингтон во подобра позиција од минатата година и покрај тоа што немавме совршен старт на сезоната. Во Монца го пронајдов вистинското чувство. Сега ќе можам да возам на најдобар начин и да бидам конкурентен“ изјави Меландри. „Со нетрпение ја очекувам трката во Донингтон и се чувствувам навистина самоуверен. Сега сакам да се борам за место на подиумот на секоја трка, и кога тоа е можно, сакам да победам.“

Меландри кој живее или живееше во Дерби од 2001 година, ја сака Британската патека на која ја оствари својата прва Супербајк победа во 2011 година, а исто така и на BMW му ја донесе првата Супербајк победа воопшто.

„Навистина ми се допаѓа Донингтон. Тука ја остварив мојата прва Супербајк победа со Yamaha во 2011 година, а и првата победа на BMW во оваа серија. Ова е техничка патека, доста различна од Монца. Во Донингтон никогаш не менувате во шеста брзина, а во Монца тоа го правите дури три пати. Трката ќе биде многу отворена и тешка и доколку не врне ќе биде навистина возбудливо.“

Back To Top