Следната година Британскиот возач ќе му се приклучи на ARUBA.IT – Ducati и ќе стане тимски колега со Чез Дејвис.

И официјално, Скот Рединг во 2020 година ќе му стане нов тимски колега на Чез Дејвис во ARUBA.IT – Ducati. Италијанската екипа објави дека Рединг ќе стане нивни нов возач во WSBK серијата и ќе го замени Алваро Баутиста. Дејвис исто така ќе остане дел од тимот со оглед на тоа дека има договор во траење од две години.

Оваа информација не е големо изненадување бидејќи спортскиот директор на тимот, Паоло Чиабати, пред две недели соопшти дека токму Рединг е нивни прв избор за нов возач во сезоната 2020. Иако Баутиста изненади многумина со одличниот настап кој го има во досегашниот дел од сезоната, одлично вози и Рединг кој оваа година е дел од Британскиот Супербајк шампионат. Рединг кој настапува со слична V4 машина, стигна до неколку победи и места на подиумот. Во моментов е на второто место на табелата но се уште има шанси за освојување на титулата.

Redding WSBK txt 02 09

Рединг, кој е роден во 1993 година, ја започна својата кариера во 2006 година во Шпанскиот шампионат. После две години, во 2008, премина во 125 cc Светскиот шампионат каде со 15 години стана најмладиот возач кој победил на една трка од серијата. Во 2010 премина во Moto2 и таму остана четири години.

Во 2013 година заврши на второто место на табелата а веќе следната сезона дебитираше во MotoGP. Иако првите неколку сезони имаше успех со Honda и Ducati, Британскиот возач имаше слаб настап во сезоната 2018 кога беше дел до Aprilia. После тоа, во 2019 година, следуваше премин во Британскиот Супербајк шампионат каде беше дел од тимот на Ducati.

„Многу сум среќен што ќе му се приклучам на тимот следната сезона. Долго време го посакував тоа бидејќи ќе можам да работам со тим кој ќе бори за титулата. Тоа е одлична можност за мене. Секако дека морам да останам фокусиран до крајот на сезоната бидејќи сакам со Be Wiser Ducati да ја освојам титулата и во оваа серија. Сакам да им се заблагодарам на сите оние кои ми помогнаа да ми се оствари мојот сон. Сега не можам да дочекам да настапам со Panigale V4 R и да бидам дел од Светскиот Супербајк шампионат“, изјави Рединг.

Back To Top