WSBK

Леон Хаслам ќе премине во Honda

Леон Хаслам ќе му се приклучи на официјалниот Супербајк тим на Honda и ќе биде нов тимски колега на Алваро Баутиста.

Следете нè на:

 

Леон Хаслам ќе му се приклучи на официјалниот Супербајк тим на Honda и ќе биде нов тимски колега на Алваро Баутиста.

Леон Хаслам ќе го напушти фабричкиот тим на Kawasaki и ќе настапи за тимот на Honda во 2020 година. Тој ќе му се приклучи на Алваро Баутиста и следната година ќе настапи со новиот Fireblade.

Откако доминираше во Британскиот шампионат во сезоната 2018, Хаслам се врати во WSBK серијата минатата година но имаше слаб настап со тимот на Kawasaki. Голем проблем му беа и повредите а сезоната ја заврши на седмата позиција.

Сепак Хаслам со себе ќе донесе и големо искуство, со оглед на тоа дека има повеќе од 250 стартови во досегашниот дел од кариерата.

Leon Haslam txt 05 11

Иако се уште нема официјална потврда за договорот, има шпекулации дека веднаш по трката во Катар, Хаслам заминал за Јапонија и веќе бил дел од подготовките на тимот. Се очекува за време на EICMA мото шоуто да добиеме и официјална потврда за оваа информација.

Хаслам досега шест пати се искачи на подиумот во WorldSBK серијата со тимот на Honda. Во 2008 година настапуваше за HM Plant, а исто така има возено и за Stiggy Honda и Ten Kate Honda. Покрај ова, тој е трикратен победник на трката Suzuka 8 Hours.

Формата која ја има покажано Хаслам на трката Suzuka 8 Hours сигурно била дел од факторите кои влијаеле на одлуката. Тој беше дел од победничкиот тим на Kawasaki оваа сезона а Honda се надева дека Хаслам заедно со Баутиста и Такуми Такахаши, ќе биде дел од бората за победа следната година.

2019 беше исклучително тешка година за Honda во WorldSBK серијата а тимот поголем дел од времето го потроши на собирање на податоци. Не смее да се забориви ниту повредата на главниот возач Леон Камиер.

Тимот и мотоциклот ќе претрпат големи промени следната година. Одговорен за проектот ќе биде Алберто Пуиг а се очекува Шпанецот во тимот да донесе и неколку луѓе од MotoGP серијата.

motul makeodnija

Би можело да ве интересира

„Можеби за време на тестот нема да можам да го извозам планираниот број на кругови“ – Марк Маркез

„Yamaha работи напорно и ќе се обиде уредот да биде готов за тестот во Малезија“- Маверик Вињалес

Компанијата Мото-Пром од Гевгелија од неодамна е новиот увозник на брендот Кавасаки за Македонија.

Макс Биаџи и Хју Андерсон ќе му се приклучат на Хорхе Лоренцо и оваа сезона ќе станат дел од MotoGP Legends листата.

Стартот на оваа година веќе ни навестува дека таа ќе биде многу интересна и возбудлива, особено за Motul. 

„Имам слушнато многу работи за Кени Робертс, дека тој е еден од возачите кој го има променето самиот концепт. Марк е ист како него, тој го промени начинот на кој возиме“ – Данило Петручи.

Реклами

Листа на мото настани

  • 22 Февруари 2020 - 22 Февруари 2020
  • Clubhouse 3313
  • Илинденска 138, Скопје

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.