EICMA не е само најдоброто место каде што можат да се видат најновите мотоцикли туку е и одлична можност за тимовите да ги престават своите нови возачи.

EICMA не е само најдоброто место каде што можат да се видат најновите мотоцикли туку е и одлична можност за тимовите да ги престават своите нови возачи. Најинтересно беше во тимот на Yamaha кој е дел од WSBK серијата. Следната година во екипата ќе го нема Британецот Алекс Ловс, а на негово место ќе дојде талентираниот Топрак Разгатлиоглу. Турскиот возач следната сезона ќе му биде тимски колега на Михаел ван дер Марк во тимот на Pata Yamaha.

Топрак, сината боја одлично ти одговара. Како се чувствуваш сега кога ги носиш боите на Yamaha?

- Чувството е одлично. Се приклучив на фабрички тим што е сон за секој млад возач. Ова ќе биде голем предизвик но мислам дека ќе имаме одлична соработка и не можам да дочекам да почне сезоната.

Torpak Razgatlioglu txt 1 13 11

Дали имаше можност да го пробаш  новиот Yamaha YZF-R1?

- Се уште не, иако пред неколку дена имав можност да го видам новиот мотоцикл. Треба да се направат неколку промени пред да се качам на него но едвај чекам да извозам неколку кругови. Во следните неколку недели не очекуваат два теста и многу брзо ќе имам можност да го испробам мотоциклот.

Torpak Razgatlioglu txt 2 13 11 min

Имаш нов тимски колега. Како се согласуваш со него?

- Соработката е одлична. Ние се знаеме и од претходно и сигурен сум дека ќе имаме добра соработка. Добро е што ќе настапувам покрај Михаел бидејќи ќе можам од прва рака да ги проценам моите перформанси. Секако дека на крајот сакате да бидете подобар од вашиот тимски колега и убеден сум дека тој ќе ме направи подобар возач.

Torpak Razgatlioglu txt 3 13 11 min

Оваа сезона имаше одличен настап. Дали го очекуваше тоа?

- Да бидам искрен, не. Но знаев дека сум брз и решив да дадам се од себе. Бев пресреќен кога се искачив на подиумот но не очекував дека ќе победам на трката во Франција. Последните две трки од сезоната не беа премногу добри бидејќи имав проблеми со сетапот.

Torpak Razgatlioglu txt 4 13 11 min

Очекувањата од тебе се сигурно големи бидејќи треба да го замениш Алекс Ловс. Што очекуваш во сезоната 2020?

-Знам дека Алекс заврши одлична работа во Yamaha но јас сум фокусиран само на моите настапи. Сигурен сум дека би можел да стигнам до повеќе победи откако ќе се прилагодам на R1.

Back To Top