Иако звучи чудно, многу од познатите мотоциклисти не поседуваат возачки дозволи од категорија А

Последен од низата кој се здоби со право за управување на мотоцикл на јавен пат е шест-кратниот шампион од Светскиот Супербајк шампионат - Џонатан Реа.

johnatan rea sampion

Ѕвездата на Кавасаки конечно дојде до возачка дозвола откако минатата година започна со процедурата за полагање. Иако звучи чудно тој прво падна на испитот, а кога сакаше повторно да полага испитниот центар беше затворен заради Корона вирусот. Во вториот обид тој беше успешен и сега веќе 34 годишниот Џонатан Реа конечно ќе може да вози мотор и надвор од тркачките патеки.

Денеска на својот инстаграм профил тој ја сподели среќната вест со фановите :)

https://www.instagram.com/p/CRWGetEnx-w/
Back To Top