Благодарение на Мото Азуро имавме прилика да го провозиме новиот Yamaha Tenere 700 и да уживаме во карактеристиките на овој специфичен модел.
Интересно е да се споредат пристапите на европските производители и јапонските брендови кога станува збор за авантуристички мотори. Моделите на KTM, Triumph, Ducati и BMW фрлаат сè повеќе технологија и широк список на карактеристики кои можат да се видат на која било кој модел во нивната гама.
И покрај тоа што имаат широк спектар на технологија достапна во нивната поширока постава, јапонските брендови го прифаќаат спротивниот пристап, намерно одржувајќи ги своите авантуристички мотоцикли релативно „спартански“ кога станува збор за китовите. V-Strom на Сузуки веќе долго време маршираше во голема мера непроменета, додека, и покрај опционалниот менувач DCT, Хонда, исто така, пристапи прилично ниско во однос на технологијата кога за прв пат го воведоа CRF1000L Africa Twin. И Сузуки и Хонда ставаат малку постандарден комплет од опции на нивните моделите што доаѓаат во 2020 година, но сепак, ништо како бесконечниот список на технологија и зголемените коњски сили со кои се фалат европските производители.
Сепак да почнеме од основите, „Јамаха 700 Тенере“ за 2020 година не е смалено Супер Тенере, туку целосно нова платформа за авантури со средна големина, дизајнирана за оф-роуд патишта. Јамаха ја избриша таблата за развој и силно се потпре на своето рели искуство, за да развие скриена 18 килограмска челична рамка, која балансира цврстина и флексибилност. Самата компанија го карактеризира моделот како „израснат за рели“ (Rally-bred Dual Sport) наместо традиционалната „Adventure“ ознака.
Новиот модел „вдишува“ преку нов сет на филтри за воздух во посебно дизајнирана кутија и „издишува“ преку целосно нов издувен систем. Ова му овозможува да развие 74кс и 68Nm, притоа да имате доволно сила за влечење и во повисок степен на пренос. Од една страна можете да си поигрувате на правливиот терен, а од друга на асвалтот можете да развиете одлична брзина што го прави мотор и за секојдневна употреба (иако се сомневаме дека некој ќе го купи за возење до работа и назад.)
Иако моторот нема моќност на влечење како поголемиот брат од 1200цц, Тенере ќе Ве изненади со својата агилност. Краткото возење надвор од асвалтот остава насмевка на вашето лице, едноставно љубов на прво возење.
Ергономијата на самиот мотор е одлична, доволно добра за возачи со различна висина да се чувствуваат подеднакво добро и да го чувствуваат моторот како свој од првиот момент кога ќе се качат на него. Ова важи подеднакво и за седечка и за стоечка положба при возење. Седиштето е тенко и доволно долго за сите стилови на возење, без разлика дали сакате да седите поназад или пак „обесени“ на резервоарот.
Како што стои и во самиот опис на моделот, станува збор за мотор со високо прилагодливата суспензија за долго патување која се претвора во оф-роуд машина по потреба. Со предни гуми од 21 инчи и 18-инчни задни, Ténéré 700 не се срами од агресивно возење кога ќе заврши асвалтот. Сопирачките се составени од двојни дискови напред (282мм) кои исто така имаат можност за избор на ABS, кој може да се оневозможи кога сакате да возите надвор од патот. Задната сопирачка е составена од единечен диск од 245мм кој одлично ја врши својата функција.
Зборувајќи за опциите, на самата инструмент табла има копче кое го става моторот во режим „Off Road“. Притиснете го и ABS системот се исклучува. Оставете го копчето вклучено и ABS системот останува вклучен и е толку добар - брз и многу суптилен - што повеќето возачи можат да го остават вклучен и надвор од асвалтот.
Јамаха има и широк спектар на додатоци со кои можете да го разубавите или надградите овој модел, почнувајќи од рачки па се до издувен систем од програмата на Акрапович кој изгледа фантастично. Се на се, уживавме во ова тест возење, станува збор за одличен мотоцикл со пристапна цена кој ќе го разбуди авантуристичкиот дух во секој од вас, а истовремено ќе ве однесе до било која дестинација на асвалтот.
За повеќе информации посетете го салонот на Мото Азуро кој се наоѓа во Скопје зад АМСМ каде можете во живо да го погледнете моделот и да ги дознаете сите детали.
Во продолжение и видеото од нашиот тест: