(Време на читање: 1 минута)


Како што најавив во воведниот текст за Moto Morini го возевме нивниот X-CAPE, мотор кој заслужува внимание. 

Брембо кочници со два диска напред, Мароци вилушка напред и KYB суспензијa позади, Bosch систем за електронско вбризгување, голем TFT екран во боја, блутут поврзување и сензори на вентилите на гумите. X-CAPE внимателно настапува на пазар каде понудата е навистина богата и разновидна. 

Moto Morini YT

Агреагатот со зафатнина од 650 кубни сантиметри и 60 КС е способен, но не многу динамичен. Позицијата на седење и целосната тежина на X-CAPE се прилично високо, геометијата е далеку од совршена, но возењето ни оддалеку не ве става во позиција на колебање или недоверба. 

Погледни ги искуставата од возењето на овој нов наптреварувач во средната класа кој не се плаши да си ги извалка гумите во прашина, но нема воопшто ве разочара ни на асфалт.  

Пријавете се на неделниот билтен за да ги добивате сите нови содржини директно во вашето сандаче.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: