Имавме прилика да го возиме новиот Yamaha Tracer 900GT од кој останавме целосно воодушевени.

Не би требало да биде толку лесно да поминете 660 километри за еден ден. Помеѓу врвните перформанси, лесното управување и незаборавните моменти, недостатокот на болка во грбот или долниот дел од телото е најбитното нешто. Целата авантура помина прекрасно, исто како и претходната која беше долга нешто повеќе од 650 километри.

А се започна со еден разговор во канцеларија за тоа како се подобрите перформанси кај авантуристичките и спортските туринг модели ги прават спортските мотоцикли непотребни. Патиштата стануваат се потешки за возење, пред се поради оние на кои им е поинтересно да гледаат во телефонот отколку да внимаваат на патот. Но како ние како возачи треба да одговориме? Што ќе стане со мотоциклизмот во иднина?

 DSC2846

Хедонизмот го нема повеќе. Возете како што сте навикнати и само прашање на време е кога ...

Ова претставува голем предизвик за нас возачите. Брзото возење и опасните работи кои можете да ги направите со мотоциклот веќе не се голем предизвик (ако некогаш воопшто и биле). Длабоко во себе знаеме дека тоа е вистина. Сигурното возење е подобра опција.

Идеалниот мотоцикл за 21 век има добри перформанси и брза реакција. Има пократка шасија и добра суспензија со која лесно ќе можете да се впуштите во некоја подолга авантура или пак пократка дестинација. Мотоциклот исто така треба да има пониско седиште и да е полесен. Тој треба да биде и практичен, лесно да биде одржувањето и да има помала потрошувака на гориво. Исто така не треба да биде и премногу скап бидејќи со оглед на тоа дека цените ја надминаа бариерата од 15 илјади евра, можеме да си дозволиме само еден мотоцикл.

Големите авантуристички мотоцикли се тешки за возење на пат, премногу се големи, тешки и помалу несмасни при влегување во свиок. Спорт-туринг моделите пак се премногу спортски и фокусирани на брзината.

Овој мотоцикл би можел да биде одговорот на вашите прашања. Tracer GT 900 на Yamaha ги има сите предности на MT-09, почнувајќи од каросеријата, подолгата основа која ја подобрува стабилноста како и многу удобни седишта. Исто така има и модерен TFT дисплеј, сите електронски помагала, греење на рачки, простор за багаж. И најважниот дел, исто како и сите модели од MT линијата, има добра цена која кај увозникот на Јамаxа за Македонија - Мото Азуро изнесува 13.410 евра.

Возете го подолго од 150 километри и позицијата на седење како и суспензијата ќе направат да се чувствувате како да сте на модерен TDM900. Возете го повеќе од 600 километри и ќе си помислите дека сте на модерен Fazer 1000. Споредбата сосема одговара бидејќи кај Fazer 1000 комфорот беше на прво место. Секако, тука се и перформансите но и фантастичниот изглед. Tracer ја презеде таа идеја но додаде и неколку новитети.

 DSC2824

Но она што најмногу ми се допаѓа кај Tracer GT е тоа што со овој мотоцикл можете да правите се што ќе посакате.

Моторот не е сосема ист како кај MT-09. Можете да ги користите сите три мапи и нема да ги забележите проблемите кои ги има кај А режимот на MT (барем така се чувствува...можеби тие се исти но подолгата основа ја прави разликата).

STD режимот на возење дава конзистентно и силно забрзување. Доколку сакате да смените брзина, треба посилно да притиснете, а дури и стандардниот „quickshifter“ најдобро би можел да се опише како ефективен наместо како пријатен за управување. Ќе треба да ја завртите рачката малку повеќе за да може да смените брзина, при помал број на вртежи чувството е како насилно да ја менувате брзината.

Моторот изненадувачки е добар и рафиниран. Овој мотор многу повеќе наликува на „inline-four“. Лесно забрзува и ќе можете да се носите и со многу помоќни мотоцикли. Опциите на дисплејот кој изгледа одлично се бројни. Доколку сакате, можете дури и да го подесите да ја менува бојата кога ќе го достигнете максималниот број на вртежи.

Ќе треба да се помачите за да возите на едно тркало, но понекогаш кога излегувате од свиоците, имате чувство дека се крева предното тркало.

Управувањето не е исто како кај тркачките или пак авантуристичките мотоцикли. Малку е побавно отколку кај стандардниот МТ и ова е сосема логично со оглед на подолгата основа. Суспензијата врши одлична работа со оглед на тоа дека овој мотоцикл ги има не толку добрите Dunlop D222 пневматици. Нашиот совет е кога ќе го купите овој мотоцикл, по првиот редовен сервис да ги замените за нешто посоодветно.

Мотоциклот има и ветробранско стакло кое е одлично наместено дури и за пониска позиција на седење. При поголема брзина, страничните шипки на почеток малку вибрираат но потоа работите си доаѓаат на свое место. На почеток тоа ќе ви биде чудно но после неколку километри ќе се навикнете. Седиштето ми беше наместено на втората од двете опции на кои можете да го наместите. Но и покрај тоа што сум не сум висок немав никаков проблем додека возев и воопшто не го оптеретував грбот ниту пак долниот дел од телото.

Бројот на опции и работи кои можете да ги прилагодите е неверојатен. Палењето е сокриено од рачките и тешко ќе го лоцирате доколку носите ракавици. До некои работи на дисплејот, како на пример да подесите колку километри сте извозеле, се стигнува многу потешко отколку што би требало. Некои возачи лесно ќе можат да ги направат промените, но добар дел ќе бидат фрустрирани. Но во секој случај, мотоциклот е доволно добар и ова не е никаков проблем. Подесувањето на опциите не е толку едноставно. Јас би сакал со притискање на едно копче да ја регулирам тракцијата наместо да ја барам каде е во менито.

 DSC2884

Три работи кои што ги сакаме кај Yamaha Tracer 900GT

-Флексибилен но моќен мотор

-Голема комоција при возењето

-Одлична цена за овие перформанси и спецификации

Три работи за кои се уште не сме сигурни

-Менито и менувачот се малку чудни

-Пневматиците не се вистинскиот избор

-Промената на брзините би можела да биде помазна

Во продолжение и спецификациите на моделот:

Мотор                                             847cc liquid-cooled, DOHC, four valve triple

Компресија                                    11.5 : 1

Моќност                                         113.5bhp (84.6kW) @ 10,000rpm

Вртежен момент                           64.5lb-ft (87.5Nm) @ 8,500rpm

Пренос                                           6-брзини, ланец

Рамка                                             Алуминиум

Предна суспензија                        41mm целосно подесиви

Задна суспензија                          Целосно подесиви

Предни кочници                            2x 298mm дискови, чеитир клипови полу-моноблок

Задна кочница                              Единечен 245mm диск

Предна гума                                  120/70 ZR 17

Задна гума                                     180/55 ZR 17

Должина                                         2,160mm

Ширина                                          850mm

Висина                                           1,375mm (max 1,430mm)

Висина на седиште                       850mm или 865mm

Меѓуоскино растојание                 1,500mm

Висина од под                               135 mm

Тежина                                           227kg (вкупна)

Капацитет на резервоар               18 литри

Потрошувачка                                6 литри/100км (на тест)

Капацитет на моторно масло        3,4 л.

Back To Top