Со последната трка од Европскиот Шампионат во супермото одржана изминатиот викенд во Сакарија, Турција на патеката Кенан Софуоглу, која е во сопственост на двократниот светски шампион во Супер Спорт, Кенан Софуоглу, заврши Европскиот Шампионат во супермото, во кој шампионат се натпреварува нашиот Слободан Ивчески.
Претставниците на Мотоциклистичката федерација на Македонија, а воедно и наши најдобри мотокросисти Христиан Илиоски и Гоце Томовски постигнаа исклучителен успех на натпревар од отворениот грчки шампионат во мотокрос кој се одржа на 16 септември на патеката „Птолемаида“ (Каљари) во Грција.
Престојниов викенд во Вранско, Словенија во организација на Авто-Мото Сојузот на Словенија се вози претпоследната трка од Европскиот Шампионат во супермото, на која ќе настапи нашиот натпреварувач Слободан Ивчески, во најсилната класа до 450 кубни сантиметри, со својот мотоцикл КТМ.