Под покровителство на МФМ, a во техничка организација на МК Мотостарс од Битола на 23 јуни на патеката Смолево крај Битола ќе се одржи третиот натпревар од Шампионатот на Македонија во мотокрос за сезоната 2013.
Под покровителство на МФМ, a во техничка организација на МК Мотостарс од Битола на 23 јуни на патеката Смолево крај Битола ќе се одржи третиот натпревар од Шампионатот на Македонија во мотокрос за сезоната 2013.
Годинешниот шампионат во овој атрактивна спортска дисциплина е распишан во 4 класи и тоа: МХ85, МХ1, МХ2 и МХ3 и се очекува учество на преку 30 натпреварувачи од Македонија и земјите од регионот: Црна Гора, Србија, Грција и Албанија.
Најголемо внимание секако ќе привлече заедничката трка на класите МХ1 и МХ2. Организаторот МК Мотостарс најавува спектакуларна трка, а за најдобрите покрај пехарите се обезбедени и пригодни награди.
Во најсилната класа МХ1 секако фаворит е уште еден наш одличен натпреварувач, Гоце Томовски (МК Гого) кој засега има максимални 100 бодови во генералниот пласман, додека во класата МХ2 водечки е Никола Гулевски (МК ЛТД спортс) со 97 бодови.
Кај најмладите во класата МХ85, покрај нашите претставници Христиан Станковиќ и Андријан Ристевски (МК Мотостарс) фаворитска улога ќе има и Виктор Ивановиќ од Црна Гора. Станковиќ води во пласманот за македонскиот шампионат со 94 бодови.
Во најбројната класа МХ3 класа ќе биде неизвесно до самиот крај. Првото место во генералниот пласман ќе го брани Борче Костов (МК ЛТД спортс) кој досега освои 88 бодови.
Според програмата квалификациите се во недела 23 јуни од 10:00 часот, а свеченото отворање на натпреварот е предвидено за 10:45 часот. Првото возење ќе започне во 11:00 часот, а второто во 13:00 часот. Бодовите од двете возења ќе ги одредат најдобрите по класи и во клупска конкуренција.
Извор: МФМ