Педроса е првиот мотоциклист во сезоната кој дојде до две победи во МотоГП сезоната, откако стартуваше од шестата позиција на трката за ГН на Франција која се возеше на патеката Ле Ман.
Младите македонските мотоциклисти, браќата Лука и Андријан Ристевски викендов ќе ја претставуваат МФМ на четвртиот натпревар од Европскиот шампионат во мотокрос кој ќе се одржи на 19 мај во Зарнешти, Романија.
Претставникот на Мотоциклистичката федерација на Македонија (МФМ), Слободан Ивчески го освои петтото место на првиот натпревар од Европскиот и отворениот Источно-Европски шампионат во супермото што се одржа на 12 мај на патеката во Арад, Романија.
Нашиот искусен мотоциклист Слободан Ивчески ќе ја претставува Македонија на првиот натпревар од Европскиот и отворениот Источно-Европски шампионат во супермото за 2013 година што ќе се одржи на 12 мај на патеката во Арад, Романија.