Минатата година Ивчески успеа да го оствари најдобриот пласман на македонски мотоциклист на натпревари од европски ранг освојувајќи го 6-тото место во класата Опен, а годинава ќе се обиде да го подобри тој резултат.
Валентино Роси е решен да ја врати својата MotoGP сезона на вистинскиот правец на трката во Каталуња овој викенд по катастофалната домашна трка во Муџело на која се судри со Алваро Баутиста.
Актуелната MotoGP сензација Марк Маркез за прв пат се сретна со легендарниот Фреди Спенсер на специјален настан во Бордо, Франција. И двајцата се сретнаа со фановвите, потпишуваа автограми и даваа интервјуа.
Првата трка беше среќна за Марко Меландри, додека пак Јуџин Лаверти по разочарувачката прва трка, победи на втората трка. Во втората трка Том Сајкс и Марко Меландри едноставно немаа среќа.