Веројатно веќе имате видено снимки од ранчот на Валентино Роси, каде повремено тој кани млади Италијански возачи од Moto3 и CIV шампионатот да тренираат.

Valentino-ranch-time-valentino-rossi-32172248-1024-637

Валентино Роси сеуште се труди да се врати во препознатливата ГП форма, но истовремено и прави планови за активностите по неговото пензионирање.

Веројатно веќе имате видено снимки од ранчот на Валентино Роси, каде повремено тој кани млади Италијански возачи од Moto3 и CIV шампионатот да тренираат.

Очигледно возењето со овие тинејџери го мотивирало поранешниот деветкратен светски шампион да се обиде и да им помогне на младите возачи, а исто така и да помогне да се зголеми бројот на млади луѓе од Италија кои сакаат да се натпреваруваат во мото трките.

Според Moto.it, Роси веќе прави планови како да го помине времето кога ќе се пензионира. Тој и неговите пријатели одлучиле дека VR46, компанија во сопственост на Роси, ќе ги следи и ќе помага при обуката на неколку млади Италијански возачи, давајќи им можност да се натпреваруваат во неколку помали класи со надеж дека еден ден тие ќе се натпреваруваат во премиерната класа.

Неговиот ранч ќе биде база, а децата кои ќе бидат подучувани од Роси ќе добијат совети и од атлетски тренер.

Според извори на порталот, Роси и FIM веќе постигнале договор за проектот.

Back To Top