Иако се чинеше дека е се договорено и дека Брадл има обезбедено место во HRC, се чини дека Хонда има други планови.

StefanBradlMotoGpSpainFreePracticeZg2DxwDtl81x

Иако се чинеше дека е се договорено и дека Брадл има обезбедено место во HRC, се чини дека Хонда има други планови.

Пред  две недели сите беа убедени дека Штефан Брадл ќе го продолжу договорот со HRC –Ливио Супо изјави дека тоа е 99,9% завршена работа- и дека ќе остане со тимот уште една сезона. Но очигледно ситуацијата се промени за  време на трката во Сахсенринг.

Интернет страната motomatters.com објави дека сепак Хонда го посакува Кал Кратчлоу. Тоа е големо разочарување за Лусио Чекинело кој е задоволен од Брадл и сака да го задржи.

Во едно интервју за speedweek.com, Брадл беше прашан за таа гласина и за неговата несигурна иднина. Тој кратко одговори: „Хонда секогаш ги сака најдобрите возачи.”

„Мислам дека во моментов сите го бараат Кратчлоу. Тој имаше одличен настап на последната трка. Мислам дека го бара Дукати, а Јамаха сака да го задржи. Сега и Хонда е заинтересирана бидејќи тие секогаш го сакаат најдобриот возач. Но мислам дека LCR не е првата опција бидејќи во Хонда има еден возач кој е послаб од мене.“

Прашан што ќе се случи доколку Кратчлоу го замени во 2014 година и кој се неговите опции, тој одговори дека постои можност да премине во Дукати бидејќи тие биле заинтересирани за него.

Околу можноста да се врати во Moto2, Брадл изјави дека тоа не е опција и верува дека неговото возење не е толку лошо за да мора да се врати во средната класа. Но сепак додаде дека тоа може да се случи и дека мора да биде подготвен.

Back To Top