MotoGP

Пол позиција за Штефан Брадл во Лагуна Сека

Возачот на LCR Honda тимот, Штефан Брадл, стана првиот Германец кој ќе започне МотоГП трка од првата позиција.

Следете нè на:

 

06bradl19bautista93marquez  s1d9830 originalБрадл, Маркез и Баутиста ќе стартуваат од првиот ред во САД

Возачот на LCR Honda тимот, Штефан Брадл, стана првиот Германец кој ќе започне МотоГП трка од првата позиција.

Брадл покажа одлично возење и со резултат од 1.21,176 дојде до пол позиција за утрешната трка за ГН на САД. Брадл како да сакаше да им покаже на тимот дека тој е вистинскиот избор за следната сезона, откако се појавија шпекулации дека на негово место ќе дојде Кал Крачлоу. Успехот на Брадл е уште поголем ако се знае дека е првиот Германец кој дошол до пол позиција во МотоГП.

Марк Маркез трката ќе ја започне од втората позиција, а првиот ред го пополни уште едно изненадување, Алваро Баутиста.

Валентино Роси ќе стартува од четвртата позиција, пред Кал Крачлоу и Хорхе Лоренцо. Дани Педроса ќе започне од третиот ред, следен од Довициозо и Бредли Смит.

Поз.Бр.ВозачТимМоторКм/чВремеРазлика
1 6 Stefan BRADL LCR Honda MotoGP Honda 264.3 1'21.176  
2 93 Marc MARQUEZ Repsol Honda Team Honda 263.1 1'21.193 0.017 / 0.017
3 19 Alvaro BAUTISTA GO&FUN Honda Gresini Honda 268.4 1'21.373 0.197 / 0.180
4 46 Valentino ROSSI Yamaha Factory Racing Yamaha 269.3 1'21.418 0.242 / 0.045
5 35 Cal CRUTCHLOW Monster Yamaha Tech 3 Yamaha 264.2 1'21.420 0.244 / 0.002
6 99 Jorge LORENZO Yamaha Factory Racing Yamaha 264.1 1'21.453 0.277 / 0.033
7 26 Dani PEDROSA Repsol Honda Team Honda 264.8 1'21.728 0.552 / 0.275
8 4 Andrea DOVIZIOSO Ducati Team Ducati 262.3 1'22.026 0.850 / 0.298
9 38 Bradley SMITH Monster Yamaha Tech 3 Yamaha 253.6 1'22.075 0.899 / 0.049
10 69 Nicky HAYDEN Ducati Team Ducati 265.3 1'22.090 0.914 / 0.015
11 41 Aleix ESPARGARO Power Electronics Aspar ART 259.5 1'22.099 0.923 / 0.009
  14 Randy DE PUNIET Power Electronics Aspar ART      

Трката во недела започнува во 23.00 по наше времe. СпортКлуб каналот ќе ги пренесува сите сесии од Лагуна Сека, а за оние кои следат преку интернет, стриминг ќе има на http://www.sportcategory.com/c-10.html

 

Би можело да ве интересира

Алекс Ринс, Јоан Мир и Силвиан Гинтоли го искористија последиот MotoGP тест за да го намалат бројот на нови елементи кои ќе бидат дел од GSX-RR со кој ќе настапуваат следната сезона.

„На Дани Педроса ќе му треба дополнителен простор за багаж на патот назад од Јапонија“

Не е необично кога одредена компанија со цел да привлече што е можно поголемо внимание, одлучува за време на некое мото шоу да претстави мотоцикл кој се базира на некој иден модел. Но R18 "Departed" кој го видовме за време на мото шоуто во Јокохама има уникатен 1800cc мотор.

„После 20 години прекинува прозиводството на големиот мотоцикл на Suzuki“

„Новиот фабрички возач на КТМ, Јохан Зарко, нема да се обиде да го копира агресивниот стил на возење на Пол Еспаргаро“

„Детали за 41-то издание на најпознатата трка на издржливост во светот“

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.