Последниот пред сезонски тест на патеката Лосаил во Катар е пред крајот, во изминатите два дена на пустинската патека тимот на Дукати покажа дека има коњи за трка откако Ианон и Довициозо забележаа најдобри времиња.
На прес конференција во Јапонија, под-претседателот на Јамаха г-н. Такаки Кимура најави дека Валентино Роси и Хорхе Лоренцо оваа сезона во МотоГП шампионатот на своите YZR-M1 ќе го користат новиот „seamless“ менувач.
Тимот на Априлија ги претстави боите на моторите со кои Марко Меландри и Алваро Баутиста годинава ќе се обидат да го искачат Италијанскиот бренд во височините на најдоброто светско натпреварување - Мото Гранд При.
МотоГП сезоната 2015 официјално започна со првиот зимски тест на патеката Сепанг во Малезија. На првиот ден најдобро време забележа Марк Маркез, втор беше Валентино Роси, а трет Хорхе Лоренцо.