„Мотоциклот веќе е добар и искрено не очекував дека ќе биде на ова ниво“- Карел Абрахам

Поранешниот MotoGP возач Карел Абрахам, го имаше својот деби настап со мотоциклот на KTM за време на последниот тест во Мизано.

Чешкиот возач кој сега се натпреварува во Светскиот Супербајк шампионат, од вторникот до четвртокот возеше заедно со Мика Калио.

abraham ktm misano

„Мотоциклот веќе е добар и искрено не очекував дека ќе биде на ова ниво. Моторот е силен и електрониката функционира беспрекорно. Овие три дена беа одлично искуство за мене и навистина уживав. Со нетрпение ги очекувам следните тестови,“ изјави Абрахам.

Овој тест му овозможи на тимот на KTM да надомести за времето кое го загуби на претходниот тест во Брно.

„Конечно успеавме да го продолжиме тестот што го почнавме минатата недела во Брно,“ изјави Себастијан Рисе, техничкиот директор на KTM. „Од една страна фокусот беше на електрониката, особено како таа реагира на останатите делови од мотоциклот, а од друга страна работевме на шасијата и на суспензијата. Испробавме и неколку работи во однос на карактеристиките на моторот и откривме многу интересни работи“.

„Исто така, за прв пат тестиравме и со пневматици кои се многу слични со оние кои моментално се користат во MotoGP.“

KTM ќе ја искористи четири неделната пауза до својот следен тест за да ги провери податоците кои ги собра. Тие исто така и ќе се преселат во новиот објект во Мундерфинг, Австрија.

Back To Top