Лидерот во MotoGP шампионатот Марк Маркез беше многу внимателен на трката во Херез. Тој заврши на третото место и освои 16 поени. Високата температура на патеката сепак му предизвикуваше многу проблеми при сопирањето.

Возачот на Repsol Honda смета дека освоеното трето место е најдоброто што можеше да го постигне на Шпанската патека. Тој откри дека потпретаседателот на HRC, Шухеи Накамото, побарал од него да ја заврши трката.

„Се обидов уште од самиот почеток. Започнав добро и тогаш Дани Педроса ме претрка. Но подоцна јас го претркав него и почнав да го следам Хорхе,“ изјави Маркез.

„Понекогаш мислев дека можам да го претекнам Хорхе, но забележав дека предниот пневматик беше малку мек па затоа решив да почекам. Температурата на патеката беше висока за мојот стил на возење и тоа се забележуваше особено при сопирањето.“

„Се обидов да притиснам но тоа повеќе го оптеретуваше пневматикот. Затоа решив да се задоволам со резултатот и си реков себеси, во овој момент 16 поени се доволни,“ изјави Маркез и додаде дека минатата сезона не би го прифатил овој резултат.

„Секако, минатата година беше поинаку, но во текот на зимата научив многу работи и пред да почне трката, Накамото ми кажа: Те молам заврши ја трката.“

markez tret herez

Во однос на проблемот со кој се соочи во текот на трката, Маркез изјави дека неговото предно тркало за закочувало при сопирање.

„Во текот на викендот се обидов да возам во овој стил бидејќи температурата беше далеку пониска, но на трката температурата беше повисока и мислам дека предниот пневматик беше малку мек.“

„Се обидов да сопрам на истото место како што правев и на тренингот но забележав дека тркалото се закочува.“

„Знам дека патеката во Херез не одговара на мојот стил на возење. Кога видов дека Роси вози на извонредно ниво и дека Лоренцо е побрз од мене, одлучив да се задоволам со местото на кое се наоѓав. Поради тоа малку забавив и одлучив да ја задржам позицијата на која се наоѓав.“

По четири трки, Маркез има предност од 17 поени во однос на Хорхе Лоренцо. Победникот на трката во Херез, Валентино Роси, заостанува дополнителни седум поени.

Back To Top