„Се чувствував подобро со стандардниот резервоар за гориво па затоа мислам дека ќе продолжиме да го користиме него“ – Валентино Роси

Само еден ден откако ги изненади ривалите и оствари доминантна победа на MotoGP трката која се оддржа во Шпанија, Валентино Роси се врати на патеката во Херез.

Италијанецот беше последниот возач кој се појави на патеката, некаде околу 3 часот попладне, но сепак извозе 52 круга. Речиси двојно повеќе отколку што помина на трката.

Роси помина дел од времето тестирајќи го новиот преден пневматик на Michelin. На мотоциклот што го возеше, после подолг период, резервоарот за гориво се наоѓаше во задниот дел. Но сепак уште еднаш, Роси и тимскиот колега Хорхе Лоренцо соопштија дека ја преферираат стандардната верзија.

rossi herez test rez 

„Го пробавме мотоциклот што имаше различен резервоар за гориво. Се чувствував подобро со стандардниот модел и мислам дека ќе продолжиме со него,“ изјави Роси.

„Докторот“ се наоѓа на третото место во шампионатот со заостанување од 24 поени во однос на лидерот Марк Маркез кој имаше најдобро време на тестовите. Времето кое го постигна Роси беше доволно тој да се најде на четвртото место, но со заостанување од само 0.319 секунди од возачот на Honda.

„Немаше многу работи што требаше да ги тестираме денеска, само некои мали детали. Покрај резервоарот за гориво, испробавме три различни предни гуми и откривме нешто што мислам дека е многу важно.“

Лоренцо кој заостануваше зад Роси 2.386 секунди на трката која се оддржа во Неделата, на тестот имаше малку подобро време од Роси и на крајот заостануваше само 0.019 секунди од Маркез.

„Од особена важност за нас е што пробавме нови работи, особено при влегување во свиок и мислам дека постигнавме голем напредок,“ изјави Лоренцо кој од следната сезона ќе настапува за Ducati.

Тимскиот директор Масимо Мерегали изјави дека и двајцата возачи ги преферираат истите Michelin пневматици и потврди дека концептот со резервоарот на гориво на задната страна, нема да се употребува во блиска иднина.

„Главната наша цел денеска беше да ги тестраме трите предни гуми. Морам да признаам дека тоа го завршивме успешно. Добро е што откривме дека и двајцата возачи се задоволни. Тоа е охрабрувачко бидејќи покажува дека Michelin работи навистина напорно и во вистинска насока што им дава самодоверба на нашите возачи.“

„Исто така го тестиравме и задниот резервоар за гориво во споредба со стандардниот и одлучиме да продолжиме со стандардниот резервоар. Исто така тестиравме и различна електроника и шасија.“

„Сега ќе се збогуваме со Херез и ќе се посветиме на следниот предизвик.“

Следната трка ќе се оддржи на патеката Ле Ман од 6ти до 8ми Мај.

Back To Top