Suzuki стана петиот MotoGP фабрички тим кој настапи со додаток на својот мотоцикл откако Алекс Ринс настапи со GSX-RR на тестот кој се одржа по завршувањето на трката во Херез.

Suzuki стана петиот MotoGP фабрички тим кој настапи со додаток на својот мотоцикл откако Алекс Ринс настапи со GSX-RR на тестот кој се одржа по завршувањето на трката во Херез. Но Ринс, кој заврши на второто место на Гран При трката на Шпанија, набрзо излета надвор од патеката и го скрши додатокот.

„Морам да им се извинам на членовите на екипата бидејќи кога излегов надвор од патеката во свиокот број осум го скршив делот. Потоа така извозев уште неколку круга. Но морам да ви признаам дека така мотоциклот беше многу постабилен.“

„Во секој случај, денеска испробавме многу нови работи, вклучувајќи нова вилушка со која имав многу конзистентен настап. Мотоциклот е многу постабилен при забрзувањето и при долгите свиоци.“

Alex Rins Txt 07 05

Ринс, кој заостанува само еден поен во однос на лидерот на табелата Марк Маркез, за време на тестот имаше осмо најдобро време.

„Не ги испробав меките пневматици. Само се фокусиравме на ритамот, испробавме нова вилушка како и неколку нови работи кај електрониката. Задоволен сум бидејќи од круг во круг бев многу конзистентен.“

„Сега одиме во Ле Ман со навистина добар пакет и задоволен сум од она што успеавме да го постигнеме.“

Неговиот тимски колега, дебитантот Јоан Мир имаше шесто најдобро време.

Back To Top