Фабио Куартараро заборави на лошите спомени откако предвреме мораше да ја заврши Шпанската Гран При трка и постигна најдобар резултат на тестот кој се одржа во Херез.

Фабио Куартараро заборави на лошиот настап на Шпанската Гран При трка и постигна најдобар резултат на тестот кој се одржа во Херез. Возачот на Petronas Yamaha, поради промблеми со менувачот мораше предвреме да ја заврши трката. Сепак, за време на двочасовниот тест во Херез, тој настапи со меки пневматици и стигна до најдобар резултат.

Временските услови како и површината на патеката беа идеални а Куартараро успеа да стигне до време од 1 минута 36.379 секунди. Со овој резултат тој го подобри времето кое го постигна за време на квалификациската сесија.

Зборувајќи за викендот кој на крајот сепак заврши неуспешно, Францускиот возач изјави дека продуктивниот тест кој го имаше на истата патека значително му го подобрил чувството додека е на YZR-M1.

„Синоќа имав вечера со тимот и разговаравме за настаните кои се случија викендов“ , изјави Куартараро. „Во текот на целиот ден работевме со тврди пневматици а пред да го извозам најбрзиот круг, имав уште едно добро време.“

„Штом ги ставивме новите, меки пневматици на Michelin, веднаш забележавме разлика. Чувството кое го имав со нив е добро и навистина е позитивно што вака го завршивме денот.“

Quartararo Txt 07 05

Куартараро исто така ја испроба и новата вилушка за која потврди дека не е истата која ја користат фабричките возачи на Yamaha. Сепак, вели дека и со неа може да постигне напредок.

„Откривме некои навистина позитивни работи кои ќе можеме да ги користиме на следните неколку трки. Вилушката не е изработена од јаглеродни влакна и затоа мислам дека ќе биде различна.“

Куартаро сега се подготвува за првата домашна трка во Премиерната класа и признава дека притисокот ќе биде поголем.

„Се чувствувам многу добро“, изјави тој. „Имавме навистина добар викенд со освоената пол позиција и со борбата за првото место. Но денеска постигнавме подобро време отколку во текот на трката. “

„Фановите ќе ми бидат дополнителна мотивација. Знаеме дека ќе биде малку потешко но ќе се обидеме да останеме смирени за време на мојата домашна Гран При трка. “

„Ова е патека на која ќе морате многу да ги употребувате сопирачките. Уживав додека тестирав тука но со MotoGP мотоцикл никогаш не се знае. Но мислам дека ќе имаме добар настап.“

Back To Top