Кал Кратчлоу помина поголем дел од тестот кој се одржа во понеделникот во Херез возејќи со тврди пневматици на Michelin. Вели дека се уште го нема чувството кое го имаше минатата година со 2018 RC213V.

Кал Кратчлоу вели дека треба да се чувствува разочарано после завршувањето на MotoGP тестот во Херез. Ваквото размислување, како што вели, се должи на тоа дека можеби одбрал погрешен сет на пневматици со кои настапи на трката.

Англичанецот беше само еден од двајцата возачи кои настапија со средни пневматици на Michelin. Еден ден подоцна тој настапи со тврди гуми и вели дека со нив се чувствувал многу добро и многу брзо а тоа пак докажува дека можеби направил погрешен избор.

После завршувањето на осум часовните тестови, Кратчлоу имаше второ најдобро време и беше најбрз меѓу возачите на Honda.

„Искрено, во текот на целиот ден не тестиравме нешто ново. Задоволен сум од она што го постигнавме денеска но за жал тестот во Херез не носи поени.“

„Очигледно е дека на трката избравме лош сет на пневматици. За време на тестирањето, целиот ден го поминав со тврди гуми. “

„Навистина имавме добро темпо со тврдите пневматици и се чувствував добро и брзо. Но не ги одбрав за време на трката. Тоа беше моја одлука и морам да живеам со тоа.“

„Но денеска мислам дека најдовме добар сетап. Го испробавме во текот на викендот но не одевме во крајност. “

Crutchlow txt 07 05

Во досегашниот дел од сезоната, Кратчлоу се обидува да најде добро чувство со предниот дел на мотоциклот. Во понеделникот, тој изјави дека се уште го нема истото чувство кое го имаше со мотоциклот минатата година. Истото го потврди и неговиот тимски колега Такааки Накагами.

„Се уште не ми е јасно зошто го немам истото чувство со шасијата. Мораме да работиме на тоа. Но тоа нема да го поправиме преку подесување на сетинзите. “

„Ја немам истата самодоверба со предниот дел како минатата година.“

„Денеска немавме некои забелешки но исто така и нема многу работи за кои треба да бидеме среќни. Во секој случај бевме брзи и се чувствувам добро.“

„Севкупно гледано брзината беше добра. Сакав да го подобрам времето кое го постигнав на квалификациите но на крајот Куартараро беше побрз од мене. Но тој е исто така и 12 години помлад од мене.“

Какви се неговите шанси во Ле Ман? „Секогаш со нетрпение ја очекувам следната трка. Во Тексас бев брз и имав добро чувство но на крајот сепак паднав.“

„Тука исто така имав добро чувство во текот на целиот викенд. Патеката во Ле Ман не ми е една од омилените ниту пак му одговара на мојот мотоцикл но сепак верувам дека ќе можеме да се бориме за првите позиции.“

Back To Top