MotoGP

Роси: Нема да преминам во Петронас само за да кажам чао

По изјавата на шефот на Петронас тимот, дека Роси е жива легенда но тој не би сакал да дојде во тимот само за да се збогува со МотоГП, „Докторот“ денеска даде свое видување на ситуацијата.

Следете нè на:

По изјавата на шефот на Петронас тимот, дека Роси е жива легенда но тој не би сакал да дојде во тимот само за да се збогува со МотоГП, „Докторот“ денеска даде свое видување на ситуацијата.

„Се согласувам со неговите зборови, не би сакал да преминам во Петронас само за да кажам чао“ - изјави Валентино Роси.

 DSC3672 copy copy

Тој неодамна даде изјава за следната сезона во која кажа дека 2021 за него ќе биде или Петронас или пензионирање од МотоГП. Претходно откако тимот на Јамаха потпиша договори со Вињалес и Квартараро, Роси изјави дека ќе почека до средината на сезоната за да донесе конечна одлука, но доколку се бори за подиумот тој ќе продолжи да се трка. Со оглед на новата ситуација со Корона вирусот и фактот дека се откажани половина од трките, Докторот има тешка одлука пред себе.

„За жал заради вирусот морам да донесам одлука без да возам трки, сега треба да размислам дали и следната година ќе имам мотивацијата и сила. Имам одлична прилика со Петронас тимот, за мене тие се топ-левел тим па мислам дека ќе биде одлична комбинација. Сепак немаме разговарано директно со Разлан од Петронас тимот, само со Лин Џарвис и Јамаха.“

„Ако одлучам да преминам во Петронас тоа ќе биде со 100% мотивација и ќе дадам се од себе за да се вратам на подиумите.“ - дополни Роси.

За одлуката ќе почекаме до средината на Јули за кога е закажана првата МотоГП трка, а до кога Роси треба да ја соопшти неговата одлука.

motul makeodnija

Би можело да ве интересира

Започна одбројувањето до петтото издание на Distinguished Gentleman’s Ride, настан кој ќе се одржи на 27-ми септември.

Викендов се вози 8-та рунда од МотоГП шампионатот, домаќин повторно ќе биде патеката „Мизано Адриатико“ во Сан Марино.

По шест извозени трки во МотоГП шампионатот Андреа Довициозо е на чело на табелата со 76 освоени бодови.

Викендов се вози 7-та рунда од МотоГП шампионатот, домаќин ќе биде патеката „Мизано Адриатико“ во Сан Марино.

Во продолжение ќе ги најдете информациите за Австриската патека како и распоред за следење на МотоГП трката.

Пристигнаа првите информации од МФМ за годинешното 29-то по ред мото рели Македонија - Независност 2020.

Реклами

Листа на мото настани

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.