Официјално денеска беше ставен потпис на договор со кој Џек Милер ќе биде еден од возачите за фабричкиот тим на Дукати во 2021 со можност договорот да се продолжи на уште една година.

Тимот од Борго Панигале го обезбеди потписот на 25 годишниот возач, со што тој стана еден од двајцата возачи кои тимот ќе ги има следната сезона. Се уште не е познато кој ќе биде вториот, но по се изгледа дека Данило Петручи следната сезона ќе настапува во Супербајк шампионатот.

 DSC2901

„Би сакал да му се заблагодарам на тимот за поддршката која ја имав во изминатите две ипол години. Чест ми е што ќе можам да ја продолжам кариерата во тимот на Дукати и би сакал да му се заблагодарам на целиот менаџмент за неверојатната прилика.“ - изјави Милер.

„Откако пристигна во Прамак Рејсинг тимот Џек покажа неверојатна пасија и растеше заедно со тимот, тој покажа дека е еден од најбрзите и нај талентирани возачи во шампионатот. Среќни сме што следната година тој ќе го добие фабричкиот Дукати мотоцикл и што прифати да биде дел од тимот. Убедени сме дека Џек ги има сите потребни атрибути за да се бори за позициите кои се важни, на секоја трка, започнувајќи со возењето на Desmosedici GP20 оваа сезона и продолжувајќи во фабричкиот тим следната.“ - изјави Клаудио Доменикали (Директорот на Дукати).

Back To Top